РЕАЛИЗИРАН УШТЕ ЕДЕН ПРОЕКТ ЗА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати

   Со средства од Буџетот на општина Неготино во изминатиот период се одвиваше и заврши изградбата на новата фонтана во нашиот град која е лоцирана на Градскиот плоштад и која веќе неколку денови е ставена во функција на задоволство на граѓаните-посетители на централното градско подрачје кои во текот на целиот ден, а посебно во вечерните часови, застануваат и со интерес го следат работењето на новоизградената фонтана. Фонтаната е изградена според сите пропишани стандарди, за непречено нејзино функционирање вградени се сите неопходни елементи, а она што истата ја прави посебно атрактивната се поставените светлосни уреди. Би сакал да ја информирам пошироката јавност дека потрошувачката на вода за работењето на фонтаната е минимална и изнесува само 5 метри кубни во текот на еден цел месец, а како што тоа го правевме и во изминатиот четирогодишен период кога е во прашање реализирањето на проекти за подобрување на водоснабдувањето, со иста посветеност и динамика продолжуваме и во иднина, со единствена цел граѓаните на општина Неготино да ги почуствуваат благодетите во делот на водоснабдувањето од сите реализирани проекти.