ТРЕТА ФАЗА ОД ИЗГРАДБАТА НА ПАТОТ Г.ДИСАН-ВЕШЈЕ, ФИНИШИРА ИЗГРАДБАТА НА ФОНТАНАТА PDF Print
There are no translations available.

   Работници на фирмата „Изградба“ од Струмица, која понуди најповолни услови на јавното наддавање и која е актуелен изведувач на работите, се присутни на терен и реализираат земјени активности од третата фаза како подготовка за асфалтирање на нови 630 метри од патниот правец Горни Дисан-Вешје. Станува збор за проект вреден 260.000 евра со кои ќе се асфалтираат нови 630 метри со ширина на патот од 5,5 метри според пропишаните стандарди за изградба на регионален патен правец. Инаку, во првата фаза беа асфалтирани 800 метри, во втората со средства од проект за прекугранична соработка 430 метри, третата фаза е во должина од 640 метри, а како што информира градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов асфалтирањето на преостанатите 250 метри од овој патен правец се обврска на локалната самоуправа. Паралелно, финишираат и активностите околу ставањето во функција на новата фонтана која се гради на Градскиот плоштад која, според Апостолов, ќе биде гордост на неготинци и чие пробно работење се очекува да се случи во текот на наредните неколку денови.