Плакета за Зафиров за 20 години придонес во областа на спортот PDF Печати

    Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов имаше средба и му додели плакета за 20 години придонес во областа на спортот и афирмација на општина Неготино и Република Македонија Тоше Зафиров-бодибилдер кој во исклучително богатата и успешна спортска кариреа има освоено се што еден спортист може да освои. Токму тоа беше поводот градоначалникот Апостолов да му додели плакета искажувајќи го притоа своето задоволство и чест што Зафиров потекнува од Неготино и во изминатите 20 години спортска кариера преку настапи на врвни домашни, европски и светски натпреварувања придонесува за афирмација на нашиот град и на нашата држава Македонија. Апостолов порача младите да го следат примерот на Тоше и да инвестираат во спортот, а општината и градоначалникот помагале и ќе ги помагаат сите спортисти и спортски клубови, паралелно преку изградба на спортски сали, мултинаменски игралишта, тениски терени и други спортски содржини да имаат места каде што би го започнувале остварувањето на својот спортски сон.