ТППЕ Неготино со апел за внимателност од настанување пожари PDF Печати

   Територијалната противпожарна единица од Неготино и Општинскиот противпожарен сојуз апелираат до граѓаните со оглед на фактот што настапува летниот период, а започнуваат и жетвените активности, да ги преземат сите неопходни мерки (заштитни и законски) како не би дошло до настанување на пожари. Притоа, се даваат упатства да не се пали оган на отворено, да не се фрлаат догорчиња од цигари, да не се палат стрништа, да не се дозволи деца да си играат со запалливи материјали-моменти кои се најчести причинители за настанување на пожари. Со преземањето на препорачаните активности, сите ќе допринесеме да нема пожари и да не доаѓа до уништување на амтеријални добра и загрозување на човечки животи.