Во Индустриската зона „Неготино“ се одвиваат градежни активности PDF Печати

   Лесна механизација која во прво време работи на расчистување на просторот, веќе неколку денови е присутна на терен, што пак претставува официјален старт на градежните работи во Индустриската зона „Неготино“ која е сместена во близина на Црвени Брегови, со напомена дека веќе од почетокот на наредната недела инвеститорот најавува интензивирање на активностите и воведување во работа и на тешка механизација. Станува збор за Индустриската зона „Неготино“ која се протега на простор од околу 25 хектари и на која на јавно наддавање беа продадени сите 17 понудени за продажба градежни парцели. Инвеститорот во разговор со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов потенцирал дека градежните работи ќе се одвиваат во континуитет се до коплетното оформување на инфраструктурата и изградбата на предвидените објекти.