Монодрама за Никола Јонков Вапцаров PDF Печати

   По повод 75 годишнината од смртта на македонскиот поет и револуционер Николка Јонков Вапцаров во Големата сала на Собранието на Општина Неготино во понеделник 29 мај со почеток од 19 часот ќе биде изведена монодрамата “Песни за татковината” на македонскиот актер Петар Темелковски. Реализацијата на овој проект со кој се одбележува важна годишнина од македонската историја е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија и Општина Неготино. Техничката реализација е на велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов - Џинот.