Градоначалникот Апостолов со прием за Европската првенка Габриела Зафирова PDF Print
There are no translations available.

   Со подарување на автобиографската книга „Патот кон успехот“ на најпознатиот македонски боди билдер Тоше Зафиров започна денешниот прием во кабинетот на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов за брачниот пар Зафирови. Поводот за средбата беше одличниот успех што го постигна сопругата на Тоше, Габриела, на неодамна одржаното Европско првенство во боди билдинг и фитнес на кое во категоријата фитнес Габриела Зафирова стана првак на Европа и се закити со златен медал во мошне силна конкуренција од над 170 натпреварувачи од повеќе европски земји. Нејзиниот животен сопатник и освојувач на бројни медали, пехари и признанија во светски рамки Тоше Зафиров го запозна градоначалникот дека и официјално станал интернационален судија кој ќе суди на врвните европски и светски натпреварувања во боди билдинг и фитнес. Градоначалникот Апостолов им честиташе на брачниот пат Зафирови на извонредните успеси што ги постигнуваат додавајќи дека во општина Неготино во изминатите 4 години се изградени и ставени во функција голем број на спортски објекти и терени кои се основен предуслов за развој на спортот во неготинска општина, што пак претставува основа за добра работа со младите таленти и нивно усовршување во повеќе спортови и создавање можност и други спортисти од нашата општина да постигнуваат завидни резултати со кои ќе бидат горди и самите тие, но и градот Неготино од каде потекнуваат.