Во Неготино одбележан Денот на пожарникарите PDF Печати

   Во организација на Територијалната противпожарна единица од Неготино и Општинскиот противпожарен сојуз со одржување на показна вежба во просториите на Основното музичко училиште „Владимир Аесовски“ беше одбележан 20-ти мај –Денот на пожарникарите. Командирот на ТППЕ-Неготино Иле Илиев информираше дека во показната вежба се вклучија неготинските пожарникари со луѓе и опрема, а со асистенција на 3 доброволни противпожарни друштва од Долни Дисан, Демир Капија и Неготино. При реализирањето на вежбата, се дјствуваше во услови на настанат пожар во училиштето со евакуација на учениците и вработените. Директорката Менка Богоевска активноста ја оцени за успешна и рече дека стекнатите искуства ќе им бидат од корист и на учениците и на вработените.