Тони Лазов победник на отвореното градско првенство на Неготино во шах PDF Print
There are no translations available.

   Од 4 до 7 мај во нашиот град се одржа шестото отворено првенство во шах. На првенството учество зедоа 24 учесници кои одиграа вкупно 7 кола по швајцарски систем. Победник на овогодинешното отворено првенство на Неготино во шах е младиот шахист Тони Лазов кој во седумте одиграни партии освои максимални 7 поени и ја освои првата награда во вредност од 5.000 денари. Второто место на турнирот и втората награда му припадна на Павле Давчев, а третопласиран е Илија Ѓорѓиев. Награди во висина од 1.000 денари добија и најдобро пласираниот млад учесник (под 18 години) и најдобро пласираниот ветеран (над 60 години) кои учествуваа на турнирот. Наградите ги обезбеди општина Неготино, а првенството беше организирано во соработка со Градскиот шаховски клуб “Неготино”.