Започна отвореното градско првенство на Неготино во шах “НЕГОТИНО 2017” PDF Печати

   Во организација на општина Неготино и Градскиот шаховски клуб Неготиноод 4 до 7 мај во нашиот град се одржува шестото по ред отворено првенство во шах. На првенството се пријавени 24 учесници кои според правилата на ФИДЕ, по швајцарски систем ќе одиграат вкупно 7 кола. Предвидено е да се игра темпо 60 минути + 30 секунди додавање за секој одигран потег.

Распоред:

1 и 2 коло се одиграа вчера, 4 мај

3 и 4 коло на распоредот се денес, 5 мај

5 и 6 коло ќе се одиграат на 6 мај, а последното

7 -то  последно коло е закажано за 7 мај, за кога е предвидено и доделувањето на наградите и затварањето на првенството.

 Победник на овогодинешното отворено првенство на Неготино ќе биде шахистот кој од одиграните седум кола ќе освои најмногу поени. При делба на место, односно во случај на шахисти со ист број освоени поени се применува критериум бухолц. Првата награда е во вредност од 5.000 денари. Покрај останатите, предвидени се и награди за најдобро пласираниот млад учесник (под 18 години) и најдобро пласираниот ветеран (над 60 години) кои учествуваат на турнирот. Дипломите и наградите на најдобрите шахисти од нашиот град на ова првенство ќе им ги додели покровителот на овој настан - градоначалникот на Општина Неготино, г-нот Ванчо Апостолов.