АСФАЛТИРАН ПАТОТ НЕГОТИНО – ТИМЈАНИК И УЛИЦА ВО НАСЕЛБАТА PDF Печати

   Во рамките на реализацијата на проекти кои имаат за цел подобрување на патната инфраструктура на подрачјето на општината, локална самоуправа Неготино со сопствени буџетски средства и финансии обезбедени од Агенцијата за државни патишта на РМ изврши комплетна реконструкција и асфалтирање на патниот правец Неготино – Тимјаник, а исто така беше асфалтирана и една улица во самата населба.

          Имајќи предвид дека станува збор за еден од најфрекфрентните патни правци кој беше во навистина лоша состојба, со средства во висина од околу 5 милиони денари обезбедени од Агенцијата за државни патишта и со средства од Буџетот на општината, по извршените подготвителни работи, градежната оператива на Гранит изврши комплетна реконструкција и асфалтирање на патот од Неготино до Тимјаник. Притоа, извршено е проширување на патот на површина од 650 м2 и заедно со постоечките, поставен е нов асфалтен слој на површина од 1.800 м2, односно асфалт е поставен во должина од 1,3 километри на патот од Неготино до Тимјаник. Исто така, поставени се и бетонски рабници во должина од 860 метри. Во догледно време, од локалната самоуправа се планира уредување на тротоарите на споменатиот патен правец.

          Предходно, а на задоволство на жителите на Тимјаник, со средства во висина од 1 милион и 500.000 денари обезбедени од Буџетот на општина Неготино беше асфалтирана улица во населбата лоцирана под локалната Црква. Подготвителните работи во делот на порамнувањето и тампонирањето во вредност од 400.000 денари ги изврши Градба промет, додека финализирањето на работите го реализираше Гранит. Притоа, поставен е нов асфалтен слој на површина од 2.000 м2 со вредност на работите од 1 милион и 120.000 денари, односно споменатата улица во оваа населба е асфалтирана во должина од 440 метри.