Прием за фудбалерите на ГФК „Неготино“ PDF Печати

   По одличниот успех што го постигнаа на неодамна одржаниот масовен фудбалски турнир на Златибор каде што во силна конкуренција го освоија првото место, денеска фудбалерите на ГФК„Неготино“ заедно со дел од родителите и нивните тренери беа на прием кај градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов со кого се задржаа во кратко другарување запознавајќи го притоа со одличниот успех што го постигнаа на турнирот. Градоначалникот Апостолов им го честиташе овој нивен одличен резултат и им посака уште многу вакви постигнувања и во иднина, бидејќи токму тие се иднината на неготинскиот фудбал. Апостолов додаде дека има одлични релации со сите спортски клубови и спортисти од општина Неготино и тие ја уживаат секогаш неговата поддршка во рамките на можностите, а градоначалникот најави дека со таа пракса ќе продолжи и понатаму.