Општина Неготино обезбеди 260.000 евра за асфалтирање на 640 метри од патот Г.Дисан-Вешје PDF Печати

   Градежната фирма “Изградба“ од Струмица која понуди најповолни услови за изведување на работите на распишаниот тендер, ќе го врши асфалтирањето на новите 640 метри од патот од Горни Дисан до Вешје. За таа цел, денеска на пригодна свеченост градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и претставникот на фирмата „Изградба“ го потпишаа договорот за изведување на работите според кој фирмата изведувач со градежните активности на терен ќе започне за 10-тина денови и ќе асфалтира нови 640 метри од патот со негова ширина од 5,5 метри според стандардите за изградба на регионален патен правец. Градоначалникот Апостолов информираше дека овој проект ќе се реализира со средства во висина од 260.000 евра и според потпишаниот договор фирмата-изведувач треба работите да ги заврши во рок од 3 месеци, по што за асфалтирање ќе останата уште 250 метри кои се обврска на општина Неготино. Со тоа, после повеќе децении, жителите на Дисанијата, но и останатите граѓани кои на овој потег имаат и обработуваат земјоделски површини на располагање ќе добијат проширен, модерен и асфалтиран пат со кој ќе им се олесни пристапот до површините, обработката на истите и изнесувањето на родот, а наедно и ќе се создадат услови за развој на туризмот во Дисанијата и во општина Неготино.