Општина Неготино додели опрема за 25 нови пчелари PDF Печати

   Во рамките на спроведувањето на проектот „BEE-ECONOMY“ кој локалната самоуправа го реализираше преку ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка со партнерската општина Алмопија, денеска на пригодна свеченост се одржа чинот на потпишување на договорите по што на 25 обучени нови пчелари кои редовно посетуваа обука во периодот од звгуст до октомври минатата година им беше доделена базична опрема за пчеларство, проект со кој општината прави напори да даде сопствен придонес во развојот на пчеларството во неготинска општина. 25-те нови пчелари, секој поединечно, добија по 5 дрвени сандаци за пчели, заштитна облека, центрифуга, дималка, по 3 кг. восок и други дополнителни алатки. Корисниците на опремата и идни пчелари упатија јавна благодарност до градоначалникот Апостолов и општина Неготино за помошта што ја добија во вид на обука и опрема додавајќи дека ќе направат максимум напори да станат добри пчелари и да произведуваат квалитетен мед. Опремата е обезбедена преку проектот „Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекугранична област“, а корисниците на опремата се должни да ја користат исклучително за сопствени потреби и истата не можат да ја отуѓуваат во период од 5 години од доделувањето на истата.