ПЕ на МЗШВ и општина Неготино формираа 8 теренски комисии за проценка на штети PDF Печати
   Од денеска (26.04) на иницијатива на Владата на РМ започна постапката за поднесување барања од страна на земјоделците кои претрпеа штети на земјоделските култури од ниските и некарактеристични тепмератури за овој период од годината. Одлучено е за подрачјето на општина Неготино постапката да се води преку Подрачната единица на Министерството за земјоделие, а имајќи предвид дека ние сме земјоделски крај, во активностите ќе се вклучат и претставници од општина Неготино. За таа цел формирани се 8 теренски комисии за проценка на штетите од измрзнувањето, а рокот за поднесување на барањата е 15 работни денови и ќе трае заклучно со 10-ти мај, оваа година. Земјоделците кои сметаат дека неповолниот климатски настан кој се случи на 21 и 22 април им има нанесено штети до ПЕ на МЗШВ треба да достават:

-барање

-доказ за сопственост или користење земјоделско земјиште или земјоделски имот за кој се пријавува штетата

-копија од имотен лист или копија за договор за закуп, договор за послуга, договор за плодоуживање и слично

-фотокопија од лична карта и фотокопија од трансакциска сметка