ДОДЕЛЕНИ 116 НОВИ ВАУЧЕРИ PDF Печати

   Општина Неготино ја продолжува во континуитет востановената пракса од август 2013-та година, кога впрочем и започна реализацијата на проектот, за доделување на ваучери во вредност од 7.000 денари за прво или второ родено дете, 14.000 денари за семејствата кои имаат трето или повеќе деца и 30.000 денари за машки лица над 40 години кои за прв пат стапуваат во брак. Денеска на пригодна свеченост во големата сала на општината беа доделени нови 116 ваучери од кои 114 за новороденчиња и 2 ваучери за машки лица над 40 години кои за прв пат стапуваат во брак. Со овие, како што информираат стручните служби при локалната самоуправа, во изминатиот 3,5 годишен период општина Неготино има доделено близу 700 вредносни ваучери, на задоволство на примателите на истите и на градоначалникот Апостолов како покренувач и реализатор на оваа иницијатива.