Предавање за состојбата и перспективите на „вранецот“ PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на многубројните настани кои се одржуваат за времетраењето на манифестацијата „Недела на виното“ со која општина Неготино го чествува заштитникот на лозарите Свети Трифун, во големата сала на локалната самоуправа се одржа предавање за „состојбите и перспективите на сортата „вранец“ во Република Македонија. Настанот беше проследен од голем број на лозари и стручни лица од областа на земјоделието, а предавањето го изврши професор д-р Виолета Димовска од Факултетот за земјоделски науки „Гоце Делчев“ од Штип.