Новогодишни пакетчиња за децата во игралните PDF Печати

  Како и секоја, така и оваа година во пресрет на Новогодишните и Божикните празници градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов ги посети детските игрални кои функционираат во населените места, искористувајќи ја можноста нив, но и на нивните родители, да им ја честита Новата 2017-та година и да им посака се најдобро. За радоста на дечињата да биде поголема, но и да се задоволат нивните очекувања, градоначалникот Апостолов на децата од игралните во Тимјаник, Д.Дисан и Црвени Брегови им додели новогодишни пакетчиња, а во четврток пакетчиња ќе добијат и децата од игралните во Криволак, Пепелиште, Тремник и Војшанци. Како што информираат од локалната самоуправа, општина Неготино обезбеди новогодишни пакетчиња и за учениците до 4-то одделение во двете основни училишта, за дечињата во двата клона на градинката Фемо Кулако, за самохраните родители, штитениците од Порака и други.