По 32-ри пат во Неготино се одржа државниот квиз-натпревар PDF Print
There are no translations available.

   Неготино денеска беше домаќин на учесниците и нивните ментори, како и претставници на Противпожарниот сојуз на Македонија, бидејќи токму во нашиот град се одржа 32-иот по ред Државен квиз-натпревар од областа на противпожарната заштита на кој учество зедоа најдобрите екипи од Република Македонија во конкуренција на кадети и јуниори во кои се натпреваруваат по 7 екипи во двете конкуренции. Државниот натпревар за отворен го прогласија градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија проф. д-р Никола Николов кои на сите учесници им посакаа пријатен престој во нашиот град и многу успех и среќа во натпреварувачкиот дел со желби да победат најдобрите. За регуларноста на натпреварувањето се грижеше тричлена жири комисија составена од стручни лица и делегат од Противпожарниот сојуз на Македонија, а квиз-натпреварите де одвиваа според однапред утврдени пропозиции. За најдобро пласираните екипи беа обезбедени пригодни награди и  признанија.