Комплетно изградени новите тениски терени PDF Печати

   Со средства во висина од 9.200.000 денари Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и општина Неготино го реализираа проектот за изградба на двоен тениски терен во населбата Саат кула кој е лоциран веднаш до мултинаменското игралиште и забавно-рекреативниот парк, со што граѓаните на Неготино на располагање добија уште еден спортско-рекреативен комплекс. По асфалтирањето, на двете тениски игралишта се постави акрилна подлога, неопходните реквизити за нивно оформување, поставена е ограда и осветлување со цел терените да можат да се користат и во ноќните часови. Сите љубители на тенисот и другите заинтересирани спортисти и рекреативци терените ќе можат да ги користат бесплатно.