Неготино ќе биде домаќин на Републичкиот квиз натпревар за противпожарна заштита PDF Печати

   Благодарение на освоеното прво место од страна на учениците од пионерската екипа на ООУ„Страшо Пинџур“ на државнито квиз натпревар, оваа година токму Неготино ќе биде домаќин на Републичкиот квиз натпревар од областа на противпожарната заштита, а овој настан се предвидува да се одржи во втората половина на месец декември. Инаку, денеска во организација на општина Неготино, Територијалната противпожарна единица од градот и ООУ „Страшо Пинџур денеска во просториите на училиштето се одржа традиционалниот Општински квиз натпревар од областа на противпожарната заштита. На натпреварот во пионерска конкуренција учество зедоа 4 екипи составени од ученици од Основните училишта „Гоце Делчев“  и „Страшо Пинџур“ од Неготино, „Димката Ангелов-Габерот од Д.Капија и екипа од подрачното училиште во Долни Дисан. Во кадетска конкуренција пак се натпреваруваа 2 екипи составени од ученици од Средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино. Сите екипи покажаа одлични резултати на тема противпожарната заштита, а градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на најдобрите им ги врачи признанијата и наградите.