СООПШТЕНИЕ PDF Печати

Се известуваат граѓаните на општина Неготино дека согласно Законот за Домување, сопствениците на посебни делови на станбените згради(сопствениците на станови) се должни да формираат Заедница на сопственици или да назначат управител на зградата. Согласно законските рокови, Здруженијата потребно е да бидат формирани најдоцна до 13 август 2010г. Со цел да им се помогне на граѓаните на општина Неготино на веб страната на локалната самоуправа објавени се потребните документи кој може да се искористат во постапката за регистрација на Здружението. Исто така дополнителни информации во врска со постапката можат да се добијат во правната служба на општината.

 

1. Соопштение за Собир на сопственици

 

2. Покана за Собир на сопственици

3. Одлука за основање на Заедница

4. Одлука за донесување на Статут

5. Статут на Заедница на сопственици

6. Записник од Собир на сопственици

7. Договор на взаемни односи

8. План за одржување

9. Кукен ред

- Закон за домување

- Закон за изменување и дополнување на законот за домување