Започна турнирот во табла „Неготино 2016“ PDF Print
There are no translations available.

   Традиционално, во рамките на одбележувањето на празникот на општина Неготино 8-ми Ноември во организација на локалната самоуправа се одржува турнирот во табла на кој во изминатиот период за учество можеа да се пријавуваа сите заинтересирани „таблаџии“. Турнирот во присуство на сите учесници за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој на пријавените играчи им посака многу занење и среќа при одигрувањето на натпреварите, а на крајот нека победи најдобриот. Инаку, и оваа година имаше голем интерес за учество на турнирот на кој ќе се натпреваруваат околу 70 познавачи на оваа игра, а за најуспешните од страна на организаторот општина Неготино е обезбеден фонд на награди кој ќе им биде поделен на најуспешните по завршувањето на мечевите. Турнирот во табла „Неготино 2006“ ќе трае од 06 до 08 ноември, оваа година.