Доделени наградите за најуспешните риболовци PDF Print
There are no translations available.

   Традиционално, како и секоја, така и оваа година во организација на општина Неготино и Здружението на спортски риболовци Вардар од нашиот град по повод празникот 8-ми Ноември се одржа натпреварот во спротски риболов во водите на реката Вардар. На годинашниот натпревар учество зедоа околу 30 риболовци од 9 спортско-риболовни друштва од Република Македонија кои се натпреваруваа во екипна и поединечна конкуренција. По завршувањето на натпреварувачкиот дел во просториите на манстирот Свети Ѓорѓи на заедничкото другарување на сите учесници, наградите и признанијата на најдобрите им ги врачи градоначалникот на општина неготино Ванчо Апостолов.