Се асфалтира улица во Урбаната заедница 8 во Неготино PDF Печати

   По пробивањето и тампонирањето на три улици во Урбаната заедница 8 во нашиот град, започна и асфалтирањето на една од нив. Станува збор за асфалтирање кое се реализира од страна на општина Неготино во соработка со Вардарскиот плански регион и Бирото за регионален развој. Како што информираше градоначалникот Ванчо Апостолов, во следната фаза ќе биде поставена водоводна, атмосферска и фекална мрежа на останатите 2 улици во оваа урбана заедница кои се веќе пробиени и тампонирани, по што истите ќе бидат асфалтирани. Овој дел од работите ќе се реализира во соработка со Министерството за транспорт и врски на РМ преку Европската инвестициона банка. Со тоа ќе дојде до заокружување на урбанизацијата на овој простор на кој се лоцирани и функционираат десеттина стопански капацитети