Се уредува просторот околу Спомен костурницата PDF Печати

    Општина Неготино во соработка со Вардарскиот плански регион, Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа реши да го уреди просторот околу Спомен костурницата  на површина од близу 4 хектари за што ќе бидат реализирани средства во висина од 4.000.000 денари. Како што информира градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов согласно изготвениот проект по кој се изведуваат работите на терен, ќе бидат уредени јавните површини околу Спомен костурницата со набавка и поставување на урбана опрема, изградба на амфитеатар, фонтана, трим патеки за рекреативци, игралишта за кошарка, одбојка на песок и шах на отворено, а ќе бидат поставени и реквизити за најмладите. Со завршувањето на работите и комплетирањето на проектот, граѓаните на Неготино на располагање ќе добијат уште едно пријатно катче каде што во спортување, рекреирање, одмор и релаксација ќе можат да поминуваат дел од своето слободно време.