Интензивно се градат тениските терени PDF Печати

   Иако рокот за завршување на работите е 5 месеци, благодарение на посветената работа на работнициите на фирмата изведувач „Конструктор“ се очекува изградбата на новите тениски терени да заврши во втората  половина на месец ноември. За ова градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов беше информиран од одговорните стручни лица на фирмата-изведувач на работите која интезивно работи на терен при што веќе е поставен и асфалтниот слој на двојниот тениски терен во населбата Саат-кула. Веднаш потоа следува поставување и на акрилна подлога, поставување ограда и осветлување со цел терените да можат да се користат и во ноќните часови. Општина Неготино овој проект го реализира во соработка со Агенцијата за млади и спорт на РМ, а вредноста на работите изнесува 9.200.000 денари.