Увид на работите на резервоарот во Тимјаник PDF Печати

   Во втората половина на месец ноември комплетно ќе завршат градежните работи околу изградбата на новиот резервоар за вода во Тимјаник кој е лоциран веднаш до постоечкиот, со тоа што водата од новиот резервоар ќе биде наменета за корисниците од Неготино кои живеат во високите зони. Инаку, станува збор за резрвоар со зафатнина од 500 метри кубни кој претставува целина од 2 независни водни комори од по 250 метри кубни, дистрибуцијата на водата ќе се овозможи преку одводен цевковод, а целиот комплекс околу резервоарот ќе биде ограден со столбови од челични профили. По ставањето во функција на новиот резрвоар, постоечкиот од 150 метри кубни вода ќе биде наменет само за жителите на Тимјаник, а водата од новиот за населението од Неготино од високите зони. Ова е уште еден од неколкуте проекти кои општина Неготино ги реализира за долгорочно решавање на деценискиот проблем со водоснабдувањето.