„Потпишан договорот за интервенции за енергетска ефикасност во општинската зграда на општина Неготино”-проект ЕНПОЛ-ЕЕ PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино, денес 30.07.2019  го потпиша Договорот за реализација на  компонентата,, Интервенции за енергетска ефикасност во општинската зграда на општина Неготино” преку замена на постоечки прозорци и врати со енергетски ефикасни, замена на постоечко осветлување со ЛЕД светилки, поставување на внатрешна изолација на фасадните зидови и замена на постоечки радијатори со нови, за 15 простории и холови на  локалната самоуправа .Ова се активности за подобрување на енергетската ефикасност во рамките на проектот,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина” ЕНПОЛ- ЕЕ,  од програмата за прекугранична соработка  со Грција ,,Interreg-IPA CBC CCI 2014 TC 1615CB 009 за периодот 2014-2020 година каде општина Неготино е партнер 2 во проектот.
    Изведувач на работите е градежната компанија ,,Анол Импекс “ од Скопје и според  потпишаниот договор, времетраењето  на градежните работи е планирано за период од 3 месеци.Согласно Договорот вредноста на оваа компонента  за подобрување  на енергетската ефикасност во општинската зграда изнесува 34.410 Евра без ДДВ, додека севкупната вредност на проектот ЕНПОЛ- ЕЕ е 315.979 Евра. Овие средства се 85 проценти проценти обезбедени од Европската Унија и 15 проценти национално кофинансирање.
 
 
 
 

Финансиски индикатор