Соопштенија
СООПШТЕНИЕ PDF Печати
Се известуваат сите заинтересирани граѓани  дека градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов наместо еден како досега, почнувајќи од 01 февруари до 30 јуни оваа година, ќе организира по два отворени денови за прием на граѓаните во текот на неделата. Тоа значи дека освен во четврток,  како што беше досегашната пракса, градоначалникот Апостолов ќе врши прием на граѓани и секој вторник. Граѓаните кои се со намера да остварат средба со градоначалникот, треба благовремено да се најават во пријавницата на влезот во зградата на општина Неготино.
 
ОПШТИНА НЕГОТИНО ПРОДАВА АТРАКТИВНИ ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ PDF Печати
   Општина Неготино објави продажба, односно отуѓување на градежно земјиште по пат на електронско јавно наддавање  соспственост на РМ вон населено место за стопански комплекс на катастарска парцела 1.000 со намена за лесна индустрија и стоваришта и тоа вкупно 7 атрактивни парцели со почетна цена од 61 денар за метар кавдратен. Исто така, се продаваат и 3 градежни парцели во Урбан блок 5.1 во Неготино наменети за изградба на објекти за индивидуално домување со почетна цена од 373 денари за метар кавдратен, како и две градежни парцели во детален урбанистички план во Неготино за индивидуално домување со почетна цена од 61 денар за метар квадратен. Општината објави и продажба на една градежна парцела за домување во станбени згради и тоа една парцела со почетна цена од 680 денари за метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 23.01.2014 година на адреса на општина Неготино, а јавното наддавање ќе се одржи на 27.01.2014  во термините 9, 10, 11 и во 12 часот. Бидејќи станува збор за градежни локации со извонредно атрактивна местоположба во близина на автопатот и железничката пруга, од локалната самоуправа очекуваат голем интерес за нивна продажба.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Се известуваат сите правни и физички лица од просторот,опфатен со изработката на планот Нацрт - Урбанистички план за село Пепелиште во Општина Неготино дека Градоначалникот на Општината донесе Одлука за организирање на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

 По Нацрт - Урбанистички план за село Пепелиште во Општина Неготино со тех број 128/12 од 2013 год. изработен од А.Д. за урбанизам, проектирање и инжинеринг,,ЗУМ – Скопје.

 Нацрт-Урбанистички план за село Пепелиште во Општина Неготино е утврден од Советот на Општина Неготино на седницата одржана на 06-12-2013  год.

Нацртот на планот со графичкиот прилог ќе биде изложен  во просториите на  Месната заедница во с.Пепелиште , 10 работни  дена од   12-12-2013  до 27-12-2013 год.  секој работен ден од 08 до 16 часот.

 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 23-12 -2013  год. во салата на Месната заедница на с.Пепелиште  во 13 часот.  
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
   Општина Неготино ги информира граѓаните дека со цел за заштита на веќе изградени објекти и поставена опрема, на повеќе локации во градот ќе бидат поставени видео-камери кои ќе вршат 24 часовен надзор над истите со единствена цел да се стави крај на нивните оштетувања или уништувања. Секој несовесен поединец или група граѓани  кои ќе бидат  регистрирани на камерите дека прават  несакани дејства ќе бидат пријавени  до надлежните институции и против нив  ќе биде поднесена соодветна пријава пред судските органи. Се замолуваат граѓаните кои ќе забележат дека одредено лице или групи вршат оштетувања на објектите од општо добро, да пријават на веб страницата на општина Неготино или да се јават на телефонскиот број 361-045.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
   Се известуваат граѓаните на општина Неготино дека утре среда 27 ноември и на територијата на неготинска општина ќе се реализираат активности од акцијата ,, Ден на дрвото-засади ја својата иднина ,,. Со оваа акција сите ние можеме да дадеме придонес за зачувување на животната средина со единствениот концепт на масовно засадување на дрвја во само еден ден со што би се спротиставиле на климатските промени и загадувањето. Се очекува во акцијата да се вклучат сите заинтересирани граѓани, ученици од основните и средните училишта, невладините организации, од работните организации, а за сите нив е обезбеден организиран превоз со тоа што тргнувањето ќе биде во центарот на градот од пред единаесеткатницата во 9 и во 11 часот, додека учениците ќе тргнуваат од пред училиштата. Пошумувањето ќе се врши на локалитетот Големо брдо во близина на селото Прждево. Пристигнувањето на локацијата за пошумување е во 9,15 часот со преземање на групите од раководителите на локациите со поделба на садници и помошен алат обезбедени од Македонски шуми. Се повикуваат сите граѓани на општина Неготино да земат масовно учество во акцијата и сите заедно да ја засадиме нашата иднина.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на  Нацрт Детален  Урбанистички план  за   Урбана  заедница 6 дел од УБ 6.1 ,,Градски Пазар,, во Неготино, дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање  на:


                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА


По Нацрт  Детален  Урбанистички план  за Урбана  заедница 6 дел од УБ 6.1,, Градски Пазар,, во Неготино тех број 2862 од 2013 год.   изработен  од ,,Дизајн Центар  Инженеринг,, Трајче дооел Кавадарци кој е утврден од Советот на Општина Неготино на седница одржана на  04-11-2013   год.
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 10 работни  дена од 25-11-2013 до     06-12-2013 год.  секој работен ден од 08 до 16 часот.
 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатени со планот може да достават писмени забелешки, предлози и мислења на Анкетни листови. Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино .
 
Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 05-12-2013  год.во салата на Општина Неготино во 13 часот.  
                                                                   
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

   Општина Неготино во координација со Миистерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и Асоцијацијата Ајде Македонија планира и активно се вклучи во  спроведување на проектот “Македонија без отпад 2013“.Овој проект има за цел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да се развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизми за подршка на граѓаните и сите засеганати групи за подобро справување со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нашата оптштина.На 5ти октомври 2013 година (сабота) со почеток од 9,30 часот општина Неготино планира одржување на оваа акција за чистење и развивање на свест околу отпадот.Во реализирањето на овој проект активно се вклучени ЈП Комуналец, ЦУК- Неготино,ДПТУ Рециклинг,Центар за посебни потреби Порака, наставници и ученици од двете основни училишта “Страшо Пнџур“ и “Гоце Делчев“ во Неготино како и средношколскиот училишен центар “Св.Кирил и Методиј“ преку изведување на активност на собирање на отпад од хартија и пластика , нивно селектирање во соодветни кеси за собирање, како од училиштата , така и од јавни површини во градот.Предмет на чистење  ќе бидат СРЦ Младост,Спомен костурницата , влезот и излезот од градот на главните сообраќајници - улиците Маршал Тито и Партизанска. Исто така се планира расчистување на дива депонија на дел од локалниот патен правец Неготино – с.Курија  со ангажирање на соодветна механизација од страна на општина Неготино и ЈП Комуналец.За поголема успешност во реализирањето на оваа акција ги информираме граѓаните и невладините организации и други правни и физички лица кои сакат да се приклучат на спроведување на овие активности да се пријават во општина Неготино најкасно до 04.10.2013 година (петок).За сите подетали информаци можете да се обратите кај вработените лица од општина Неготино задолжени за реализација на овој проект  и тоа Вељанов Бранко со контакт телефон 070/376 749 и Петров Ванчо со контакт телефон 072/250 976.

 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Се известуваат сите правни и физички лица од просторот,опфатен со изработката на  Нацрт - Детален  Урбанистички план  за   Урбана  заедница 3 дел од УБ 3.2  Неготино,  дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање  на:


                                          ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

По Нацрт - Детален  Урбанистички план  за Урбана  заедница 3 дел од УБ 3.2 Неготино тех број 2908 од   2013 год.   изработен  од ,,Дизајн Центар  Инженеринг,, Трајче дооел Кавадарци кој е утврден од Советот на Општина Неготино на седница одржана на 27-09-2013   год.
 
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 5 работни  дена од   02-10-2013 до     08-10-2013 год.  секој работен ден од 08 до 16 часот.

 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови. Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино .

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 08-10-2013  год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.  
 
ОПШТИНА НЕГОТИНО ОБЈАВИ ПРОДАЖБА НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ PDF Печати
   Општина Неготино објави отуѓување на градежно неизградено земјиште по пат на електронско јавно наддавање при што на продажба се нудат 6 градежни парцели на катастарската парцела број 1000 со намена за лесна индустрија и стоваришта од кои 3 парцели за изградба на стопански комплекс за откуп, преработка, складирање и дистрибуција на земјоделски производи  со почетна цена од 61 денар за метар квадратен, како и 3 парцели за изградба на објекти од лесна индустрија со почетна цена од 148 денари за метар квадратен. На продажба се и 7 градежни парцели во катастарските општини  Неготино, Црно поле и Црвени брегови за изградба на винарии со почетна цена од 148 денари за метар квадратен, како и 2 парцели наменети за изградба на објекти за индивидуално домување со почетна цена од 61 денар за метар квадратен. Заинтересираните правни и физички лица пријавите за учество на јавното наддавање ги доставуваат во писмена форма за секоја градежна парцела поединачно во која е наведено за која парцела се однесува пријавата и кои документи се составен дел од истата. Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат најдоцна до 18-ти октомври оваа година на адреса на општина Неготино, а јавното наддавање ќе се одржи на 22 октомври на интернет страницата www.gradezno-zemjiste.mk.  Повеќе информации заинтересираните можат да добијат во општина Неготино или на телефонскиот број 043-361-045 од 8 до 16 часот.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Општина Неготино која и оваа година се јавува во улога на организатор на традиционалната манифестација ,, Неготински панаѓур ,, следејќи го примерот на другите локални самоуправи кои организираат слични манифестации од масовен карактер, врз основа на одлуката на Советот на општината донесе решение за наплата на паркинг-просторот како надомест за користење на јавни површини за време траењето на панаѓурот и тоа како за лицата кои со возила ќе доаѓаат од страна, така и за граѓаните на општина Неготино кои со сопствени возила ќе излегуваат на панаѓурот. Користењето на паркинг-простор за патнички моторни возила ќе се наплатува по 50 денари од ден, а за комбинираните и товарните возила по 100 денари од ден. Како добри домаќини, локалната самоуправа ги замолува граѓаните кои живеат во централното градско подрачје и на улиците Маршал Тито, Партизанска, Ставре Ставров и Ацо Аџи Илов во деновите на одржувањето на Неготинскиот панаѓур, сабота, недела и понеделник, да ги отстранат и да не ги паркираат  возилата на  споменатите улици. Со цел за елиминирање на можноста од создавање сообраќаен метеж,за регулирање на паркирањето на возилата за време на панаѓурот ќе се грижат посебно за тоа формирани служби од локалната самоуправа Неготино и Јавното претпријатие Комуналец со асистенција на припадници од Полициската станица во градот.
 
Објава градежно земјиште PDF Печати
Објава бр.1 2013 Неготино за КП-1000,винарии  и за домување
 
<< Почеток < Пред 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Следно > Крај >>

Лист 29 од 34