Соопштенија
Соопштение до јавноста PDF Печати
Општина Неготино ja известува заинтересираната јавност дека e доставен извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на  УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ТИМЈАНИК ОПШТИНА НЕГОТИНО     која e достапна за увид од  14.10.2015 година до  14.11 .2015 година во просториите на Општина  Неготино ул.Ацо-Аџи Илов" 2, секој работен ден од  08,00 до 16,00 часот.
По увидот, заинтересираните граѓани , невладини и други организации  можат да ги достават своите забелешки и сугестии  по однос на  студијата во писмена форма до одговорните лица за контакт во Општина Неготино  до  14.11 .2015  година.
Во општина Неготино, може да го најдете  извештајот за стратегиската оцена на животна средина на УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ТИМЈАНИК ОПШТИНА НЕГОТИНО  со  број   0308-413  од 13-10 -2015година     од октомври  2015 година.   
На  29.10.2015 година ќе се одржи јавна расправа   по извештајот за стратегиска оцена на животна средина во просториите на Општина Неготино во  13 часот .

 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Врз основа на член 24 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14)   Градоначалникот на Општина Неготино, го дава следното

                                  С О О П Ш Т Е Н И Е
    Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со  плановите, дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање  на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

       На Нацрт- ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за УРБАНА ЗАЕДНИЦА  4 за  дел од УБ 4.2  плански опфат помеѓу ул.“ Илинденска “, ул. “ Вељко Влаховиќ “ и ул.“ Кирил и Методиј “ НЕГОТИНО  Општина Неготино  со тех.бр.22/15  август 2015 од 2,1 ха.  изработен од Друштво за планирање , проектирање  и инженеринг ПРОСТОР доо Куманово.    
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 10 работни  дена од   09-10-2015 до 26-10-2015 год. секој работен ден од 08 до 16 часот.
Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на  20-10-2015  година во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.  
За Јавната анкета во определениот рок  заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки , предлози и мислења на Анкетни листови.

Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .
 
ЈАВЕН ПОВИК PDF Печати
Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање ( "Службен весник на Република Македонија"  бр.199/14 и 44/15)  Општина  Неготино  распишува:

                                     ЈАВЕН ПОВИК

за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови и тоа: детални урбанистички уланови, урбанистички планови за села и урбанистички планови вон населено место.

Иницијативите може да се доставуваат во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

Предмет на иницијатива може да биде нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.

Јавниот повик трае од 01.10.2015год. до 31.10.2015год.
 
Објава PDF Печати
Градоначалникот на Општина Неготино

                              Објавува
Барање за добивање Б –интегрирана еколошка  дозвола

Согласно член 135 и 136 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13 и 44/15), до Градоначалникот на Општина Неготино доставено е барање                       Б - интегрирана  еколошка  дозвола (број 11-347 од 05.08.2015).
Подносител на барањето:
ДПТУ „ВС-ГД“ ДООЕЛ Кавадарци
Адреса:
Ул. „Дисанска“ бб. Кавадарци
Локација на инсталацијата:
с.Курија Општина Неготино
Контакт лице:
Славица Толова  - Управител
Тел/фах :070/239-056
Категорија на инсталацијата:
Сепаратно построение
Вид активности:
Инсталација за ископ  и сепарирање на минерални суровини (песок и чакал).

 Целокупната документација содржана во барањето и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита и унапредување на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната  јавност од  01.10.2015  до 01.11.2015 година во просториите на Општина Неготино ул. ,,Ацо Аџи Илов“ бр.2 1440 Неготино, секој работен ден од 08-16 часот 3-кат, канцеларија бр.31. Контакт телефон  043/361 – 045, 076/212-094.                                                                                                                                                        
 
Соопштение до јавноста PDF Печати
Општина Неготино ja известува заинтересираната јавност дека e доставен извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на  УПВНМ за стопански комлекс на КП1104, кп1105/1, кп1105/2, кп1106/1, кп1106/2, кп1106/3, кп1107, кп4159/2, кп1125/3, кп 1108, кп1109/1, кп1109/2, кп1110, кп1111/1, кп1111/2, кп 1101/1 м.в. Раткин Дол ,КО Неготино Општина Неготино   која e достапна за увид од  14.09.2015 година до  14.10 .2015 година во просториите на Општина  Неготино ул.Ацо-Аџи Илов" 2, секој работен ден од  08,00 до 16,00 часот.
По увидот, заинтересираните граѓани , невладини и други организации  можат да ги достават своите забелешки и сугестии  по однос на  студијата во писмена форма до одговорните лица за контакт во Општина Неготино  до  15.10 .2015  година.
Во општина Неготино, може да го најдете  извештајот за стратегиската оцена на животна средина на УПВНМ за стопански комлекс на КП1104, кп1105/1, кп1105/2, кп1106/1, кп1106/2, кп1106/3, кп1107, кп4159/2, кп1125/3, кп 1108, кп1109/1, кп1109/2, кп1110, кп1111/1, кп1111/2, кп 1101/1 м.в. Раткин Дол ,КО Неготино Општина Неготино     со тех.број   0308-357  од 20-08 -2015година     од август 2015 година.    
На  24.09.2015 година ќе се одржи јавна расправа   по извештајот за стратегиска оцена на животна средина во просториите на Општина Неготино во  13 часот.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Врз основа на член 24 став 10 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ број 51/05, 137/08, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13 ,163/13 и 42/14  год.) Градоначалникот на Општина Неготино, го дава следното:



                                  С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на  Нацрт Детален  Урбанистички план  за   Урбана  заедница 6 дел од УБ 6.1 ,,Градски Пазар,, во Неготино, дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање  на повторна :


                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА


По Нацрт  Детален  Урбанистички план  за Урбана  заедница 6 дел од УБ 6.1,, Градски Пазар,, во Неготино тех број 2862 од август 2015 год.   изработен  од ,,Дизајн Центар  Инженеринг,, Трајче дооел Кавадарци кој е утврден од Советот на Општина Неготино.  
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 10 работни  дена од 10-09-2015 до     25-10-2015 год.  секој работен ден од 08 до 16 часот.
 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатени со планот може да достават писмени забелешки, предлози и мислења на Анкетни листови. Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино .
 
Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 24-09 -2015  год.во салата на Општина Неготино во 13 часот.  
                                                                   
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Нацрт - Детален  урбанистички план за  една парцела   - Општина Неготино     Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање на:


                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА
1.По Нацрт- Детален урбанистички план за една парцела  за изградба на  станбен објект за кп 11128/53  и  11128/76   КО Неготино - Општина Неготино  со тех. број  3215 јули 2015 година, кој  е утврден од Советот на Општина Неготино на  седница одржана  на  24-08 -2015  година.

2. По Нацрт-Детален Урбанистички план за една парцела  на  КП 9679 , КО Неготино  Општина  Неготино со  тех. број 3194 од април 2015година, кој  е утврден од Советот на Општина Неготино на  седница одржана  на 24-08-2015  година.
   Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 10 работни  дена од  31-08-2015 до 14-09-2015 година, секој работен ден од 08 до 16 часот.
    Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.  

 Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .

 Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 03-09-2015  година  во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
   Од Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје од Велес ги информираат граѓаните на општина Неготино дека во координација со ресорното Министерство за здравство и со локалната самоуправа е утврдена потребата од извршување на уште едно авионско прскање на територијата на неготинска општина. Од таму потенцираат дека втората авионска адултна дезинсекција ќе се спроведе наредниот четврток на 20-ти август во периодот од 05 до 08 часот и тоа покрај на територијата на општина Неготино, така и во општините Кавадарци, Росоман и Демир Капија со единствена цел активноста да ги даде очекуваните резултати. Токму затоа, се информира населението кое што се занимава со пчеларство, во пресрет на закажаното прскање и тоа во периодот од 05 до 08 часот да ги заштитат своите пчели, како не би дошло до појава на несакани последици.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

   Од 20 септември до 04 декември во општина Неготино ќе престојува нова група волонтери на Мировниот корпус на САД за време на нивната подготовка за служба, по што заминуваат во градови и села низ цела Македонија каде што ќе живеат и работат во наредните 2 години. Волонтерите се Американци со најразновидно потекло и тие во нашата држава доаѓаат да стекнат работно искуство, да научат повеќе за нашата земја и да ја споделат својата култура. За времетраењето на нивната обука од 11 недели во Неготино волонтерите ќе бидат сместени во семејства-домаќини кои ќе имаат обврски кон нив, но и ќе добиваат паричен надоместок за престојот во нивниот дом во просек  по 3.700 денари за 1 недела. Досега се пријавени 10 семејства-домаќини, но бидејќи се потребни уште, рокот за пријавување е продолжен до 5-ти август. Сите заинтересирани подетални информации можат да добијат во Одделението за локален економски развој при општина Неготино на трети спрат каде што можат и да ја добијат потребната апликација од страна на заинтересираните семејства-домаќини, на тел. 364-023 или кај лицето Јасминка Дуровиќ на телефон 072/320-841. Активностите треба да завршат до првата половина на звгуст, по што претставници на Мировниот корпус ќе ги посетат семејствата-апликанти и ќе направат избор каде ќе престојуваат волонтерите.

 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

   По неодамнешното редовно авионско прскање против комарци на територијата на општина Неготино согласно Програмата за превентивна здравствена заштита, се информираат граѓаните на општините Неготино и Д.Капија дека во среда на 22 јули во раните утрински часови од 04 до 06 часот ќе се спроведе уште едно авионско прскање, односно вонредна дезинсекција со цел за ставање под контрола на потенцијални заболувања кои се пренесуваат преку комарци и крлежи. Како и минатиот, и овој пат надзорото и мониторингот над текот на спроведувањето на квалитетот на дезинсекцијата ќе го вршат стручни лица од Центарот за јавно здравје од Велес во соработка со ресорното Министерство за здравство. Токму затоа, се известуваат пчеларите од општините Неготино и Д.Капија за времетраењето на авионското прскање во приод од неколку часови да ги затворат кошниците со пчели заради можноста од влијание на средството „аква котрин“ врз безбедноста на пчелните семејства.

 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на  Нацрт - Детален  Урбанистички план  за дел од УБ 9.1„ИНДУСТРИСКА ЗОНА“ во Неготино  дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање   на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

По Нацрт - Детален  Урбанистички план за дел од УБ 9.1 „ИНДУСТРИСКА ЗОНА“ Неготино со тех.број 01-03/2015 од април 2015 година изработен од ,,Архиконс Јован ДООЕЛ Кавадарци, кој е утврден од Советот на Општина Неготино на седница одржана на 06-07-2015  год.

 Опфатот на планот е 2,8175 ха со граници:
На север,,постојна сообраќајница од индустриска зона
-на југ .,,индустриска зона ,,
-на исток ул.,,Маршал Тито
-на запад ,, училишен центар

Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 10 работни  дена од   10-07-2015 до 23-07-2015 год.  секој работен ден од 08 до 16 часот.
 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 16-07-2015 год.во големата сала на Општина Неготино во 13 и 30   часот.  
 
<< Почеток < Пред 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Следно > Крај >>

Лист 26 од 34