Соопштенија
Мостри за избор на најдобри вина и ракии се доставуваат до петок 8-ми февруари PDF Печати
  Во рамките на одржувањето на традиционалната стопанско-туристичка манифестација „Св. Трифун-2019г“ која се одржува од 12 до 14-ти февруари и оваа година ќе биде организиран натпревар во дегустација на вина и ракии на индивидуални производители. Од општина Неготино ги информираат сите заинтересирани индивидуални производители дека рокот за поднесување мостри од бели и црвени вина и ракии е од 25.01. (петок) до 08.02. (петок) во периодот од 08 до 16 часот во просториите на локалната самоуправа. Истите можат да се достават кај лицето Дени Трајков на 3-ти спрат во зградата на општина Неготино, а контакт со задолженото лице можат да остварат и на телефонскиот број 078-822-292.  И оваа година поднесените мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од стручни лица-енолози, а за производителите на најквалитетните вина и ракии ќе бидат обезбедени и ќе им бидат врачени пригодни награди во четврток на 14.02. на денот на одржувањето на централниот настан по повод „Свети Трифун“ на градскиот плоштад во Неготино.
Повеќе...
 
Денеска (26.12.2018) ќе се одржи седница на Советот на општина Неготино PDF Печати

   Денеска ( среда 26.12 ) со почеток од 16,00 часот ќе се одржи 21-та седница на Советот на општина Неготино. На дневен ред и на разгледување пред советниците ќе се најдат предлог-програмите за работа на одделенијата при локалната самоуправа за наредната 2019-та година, предлог-Буџетот и одлуката за негово извршување за наредната година, како и предлог Буџетскиот календар. Советниците во Советот на општината ќе се произнесат и по повеќе предлог-одлуки од областа на урбанизмот, давање согласност за сопствено учество во имплементирање на проекти, одлука за добивање донација, давање согласност за измени на годишен план за вработување, предлог-правилникот за условите и начинот на вршење на авто такси превоз на патници во неготинска општина,а ќе се разгледува и годишниот извештај за финансиското работење на Комуналец во првите 9 месеци од годинава. На дневен ред ќе се најдат и други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.

 
Ј А В Е Н П О В И К бр. 01/2018 PDF Печати
   Врз основа на член 8 став 1 од Законот за финансиска поддршка на Единиците на Локалната самоуправа и единки корисници основани од Единиците на Локалната самоуправа и единки корисници за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (“Службен Весник на Република Македонија” Бр.209/2018 од 15.11.2018 година), Градоначалникот на општина Неготино објавува:
 
                                           Ј А В Е Н   П О В И К бр. 01/2018
 
Со овој повик се повикуваат сите доверители на Општина Неготино и единките корисници ( СОУ „Св. Кририл и Методиј“-Неготино, ООУ „Гоце Делчев“-Неготино, ООУ „Страшо Пинџур“-Неготино, ЈОУДГ „Фемо Кулаков“-Неготино и Локална библиотека „Страшо Пинџур“-Неготино) кои имаат доспеани, а неплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските заклучно со месец септември 2018 година, да се пријават во Општина Неготино со цел спогодбено утврдување на износот на обврските.
Пријавата треба да содржи целосен назив на правното лице, седиште, матичен број и даночен број на доверителот, телефон за контакт и маил адреса, односно фотокопија од лична карта и телефон за контакт и маил адреса, за физички лица.
Со Пријавата доверителите задолжително треба да достават:
-    Тековна состојба (за правните лица), не постара од 6 месеци,во оригинал или во копија заверена на нотар или копија од лична карта
-    картица за вкупните нивни побарувања односно обврски што ги должи општината или единките корисници или правен основ врз основа на кој настанала обврската(решение, пресуда, и сл.)
Во Пријавата треба да биде назначено дали дали истата се однесува за Општина Неготино или за единките корисници.
За обврските на општината, Градоначалникот ќе пристапи кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за општината, за што се составува и потпишува записник со секој доверител.
За обврските на единките корисници, Градоначалникот и Одговорното лице на единката корисник ќе пристапат кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за единката корисник, за што се составува и потпишува записник со секој доверител.
Приоритет при исплата на доспеаните, а неплатени обврски, имаат обврските со кои спогодбено со доверителот е постигнато целосно откажување од каматата и намалување на главницата на побарувањето за 15%.
За датумот и местото на одржување на преговарањето, доверителите кои ќе се пријават, ќе бидат дополнително писмено известени.
По завршување на процесот на преговарање, Градоначалникот на општината ќе изготви Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски и истиот ќе го достави до Советот на општината кој го одобрува со Одлука.
Рокот  за пријавување на јавниот повик изнесува 15 дена , и започнува да тече од наредниот ден од денот на објавување на повикот.
Повикот ќе биде објавен на огласната табла на Општина Неготино, на веб страната на Општина Неготино и во едно јавно гласило/ медиум.
Пријавата заедно со целокупната документација треба да биде доставена до Архивата на Општина Неготино, ул.„Ацо Аџи Илов„ бр. 2 Неготино или по пошта со препорачана пратка, со назнака „за Јавен Повик 01/2018“.
Општината го задржува правото во текот на постапката за преговарање да побара дополнителни документи кои се од интерес на постапката.
 Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат земени во предвид при процесот на преговарање.
 
Дефект на водоводната мрежа на „Висока зона“ во Неготино PDF Печати

   Од Јавното претпријатие „Комуналец“-Неготино ги информираат потрошувачите од градот кои со вода за пиење се снабдуваат од „Висока зона“ дека поради настанат дефект на транзитниот цевковод Ф 200 водоснабдувањето ќе биде во прекин во текот на денешниот ден ( четврток 06.12.2018 г ) се до санирањето на дефектот. Екипи на „Комуналец се на терен и работат на негово отстранување.

 
Соопштение PDF Печати

Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15 и 192/15) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11) Градоначалникот на Општина Неготинo

                                                                                             О Р Г А Н И З И Р А
 
Јавен увид и јавна расправа на Нацрт Извештај за Стратегиска оцена на животната средина за планскиот документ Урбанистички план вон населено место за изградба на депонија за индустриски инертен и неопасен отпад КП бр. 23/2, 23/3 ,23/4, 24, 25/2, 26/4, 54/2, 55/2, 56, 57/2, 2173/2, 2173/4, 2173/6 и дел од КП бр.23/1, 25/1, 2173/1 и 2255 КО Пепелиште, м.в. Шобово, општина Неготино која e достапна за увид од  21.11.2018 година до  21.12.2018 година во просториите на oпштина  Неготино ул.”Ацо-Аџи Илов” бр.2, 3-кат, канцеларија бр.31  секој работен ден од  08,00 до 16,00 часот, и на веб страната на општина Неготино.
    На  11.12.2018 година (вторник) ќе се одржи јавна расправа по Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина за планскиот документ Урбанистички план вон населено место за изградба на депонија за индустриски инертен и неопасен отпад КП бр. 23/2, 23/3 ,23/4, 24, 25/2, 26/4, 54/2, 55/2, 56, 57/2, 2173/2, 2173/4, 2173/6 и дел од КП бр.23/1, 25/1, 2173/1 и 2255 КО Пепелиште, м.в. Шобово, општина Неготино во просториите на Општина Неготино во  13 часот .
По увидот, заинтересираните граѓани, невладини и други организации  можат да ги достават своите забелешки предлози и сугестии  по однос на  Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина за планскиот документ Урбанистички план вон населено место за изградба на депонија за индустриски инертен и неопасен отпад КП бр. 23/2, 23/3 ,23/4, 24, 25/2, 26/4, 54/2, 55/2, 56, 57/2, 2173/2, 2173/4, 2173/6 и дел од КП бр.23/1, 25/1, 2173/1 и 2255 КО Пепелиште, м.в. Шобово, општина Неготино во писмена форма до одговорните лица за контакт во општина Неготино  во рок од 30 дена од денот на објавување.  
    Извештајот од јавната расправа ќе биде објавен на веб страната на општина Неготино.

Контакт лице :
Митко Толовски
Општина  Неготино
Ул. "Ацо Аџи Илов " бр.2, 1440 Неготино
Тел 043/361 045 076/212-094                                                                                                                    

 
 
Денеска ќе се одржи редовна седница на Советот на општина Неготино PDF Печати

   Денеска (15.11.2018г.) со почеток од 14,00 часот ќе се одржи редовна седница на Советот на општина Неготино на која на дневен ред за расправа се наоѓаат 8 точки. Се очекува советниците да се произнесат по предлог-одлуката на УПВМН за лесна индустрија на катастарски парцели во Криволак, Црвени Брегови и Неготино, предлог-одлуката за определување на ширина на крајбрежниот појас на Тимјаничка река и Рајков дол во Тимјаник опфатени со урбанистички план, како и носење на одлука за давање согласност од општинскиот Совет за намената на инвестицијата. На дневен ред пред советниците ќе се најде и предлог-заклучокот за усвојување на кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот 01.07.- 30.09.2018 година, предлог-заклучок за усвојување на план за програми за развој ИПА, како и други прашања од делокругот на работа на Советот на општина Неготино.

 
Денеска (понеделник 17.09.) ќе се одржи седница на Советот на општина Неготино PDF Печати

 Денеска со почеток од 16,00 часот Советот на општина Неготино ќе ја одржи 16-тата седница на која на дневен ред се 12 точки по кои советниците ќе расправаат и ќе носат закучоци, одлуки и решенија. Се очекува да бидат разгледани и усвоени годишниот извештај за работа и годишната програма за работа на СОУ Св. Кирил и Методиј, ООУ Гоце Делчев и Страшо Пинџур и музичкото училиште Владимир Арсовски од нашиот град. На дневен ред ќе се најде и предлог-заклучокот за усвојување на извештајот за состојбите со јавната безбедност, јавниот ред и мир, безбедноста на сообраќајот на патиштата за првата половина од 2018-та година од МВР-ПС од општа надлежност-Неготино, предлог-решението за давање согласност за измени и дополнувања на правилникот за систематизација на работните места во градинката Фемо Кулаков, а советниците ќе расправаат и по други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.

 
Закажано одржување на седница на Советот на општина Неготино PDF Печати

   Утре, четврток 30.08. со почеток од 16,00 часот ќе се одржи 16-тата по ред седница на Советот на општина Неготино. На разгледување пред советниците ќе се најдат 20 точки предвидени со дневниот ред за текот на седницата, меѓу кои програми од областа на урбанизмот, комунални дејности и уредување на градежното земјиште, програма со измени и дополнувања за изработка на урбанистички планови, програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации. Советниците ќе расправаат и по предлог-одлуката за донесување планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичката планска документација, предлог-решението за давање согласност за измени на годишниот план за вработување на општина Неготино, предлог-одлуката за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во двете основни и средното училиште во Неготино, како и по други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.

 
О Г Л А С За давање на времено користење на недвижност по пат на јавно наддавање со поднесување на понуди PDF Печати
Врз основа на член 67 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и Одлуката бр.09-422/1 од 17.08.2018 година донесена од Градоначалникот на општина Неготино, Комисијата за спроведување на јавно наддавање го објавува следниот

                                                            О   Г   Л   А   С
За давање на времено користење на недвижност по пат на јавно наддавање со поднесување на понуди

1.Се дава на времено користење на недвижност во сопственост на општина Неготино за поставување на реквизити за забава на локација во СРЦ „МЛАДОСТ“(асфалтни терени) по пат на јавно наддавање со вкупна површина од 2.900 м.кв. за период од 05.09.2018 до 24.09.2018 година.
2.Почетната цена со која ќе почне наддавањето изнесува 12.500,оо денари од ден за вкупната површина. Во цената не се вклучени потрошената електрична енергија и надоместокот за потрошена вода и комунални услуги. За целокупниот горенаведен период, најповолниот понудувач е должен да плати надоместок за електрична енергија, вода и комунални услуги во износ од 30.000,оо денари.
3.Заинтересираните понудувачи се должни да достават образец ДРД, тековна состојба од Централниот регистар и доказ за располагање со реквизити за забава, како и да уплатат по 15.000,оо денари депозит за учество на јавното  наддавање на депозитна сметка на општина Неготино со бр.748014059269616 приходна шифра 733111 програма 00.  Заинтересираните понудувачи своите понуди заедно со горенаведените документи се должни да ги достават во затворени коверти најкасно до 23.08.2018 година до 13 часот на адреса „Општина Неготино ул.„Ацо Аџи Илов“2 Неготино.
4.На понудувачите кои нема да поднесат најповолна понуда ќе им биде вратен депозитот од 15.000,оо денари.


                                                  Општина Неготино
                                           Комисија за јавно наддавање
 
О Д Л У К А За избор на кандидат за вработување на административен службеник по пат на јавен оглас PDF Печати
Одлука за избор на кандидат за вработување на административен службеник  по пат на јавен оглас
 
Денеска (10.07) седница на Советот на општина Неготино PDF Печати

  Претседателот Диме Витанов врз основа на Законот за локална самоуправа за денеска, вторник 10 јули, го закажа одржувањето на 14-тата седница на Советот на општина Неготино на чиј дневен ред за расправа се предвидени 5 точки. Советниците најнапред ќе се произнесат по предлог-правилникот за условите и начинот на вршење авто –такси превоз на патници, предлог-одлуката за спроведување на постапките за јавна набавка на екстра лесно гориво и превоз на учениците во основните и средното училиште во општината, како и предлог-заклучокот за усвојување на годишниот план за работа на неготинското основно музичко училиште. Како последна точка од дневниот ред се советничките прашања.

 
<< Почеток < Пред 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Следно > Крај >>

Лист 21 од 34