Соопштенија
ЈАВЕН ПОВИК PDF Print
There are no translations available.

Градоначалникот на општина Неготино на ден 04.04.2012 година го објави следниот

                                                             ЈАВЕН ПОВИК

Врз основа на Условите и критериумите за доделување на финансиски средства за подршка на активностите на здруженија од општина Неготино, кои Советот на општина Неготино ги усвои на  седницата одржана на ден 03.04.2012 година, ги повикуваме  заинтересираните здруженија од општина Неготино да поднесат барање за добивање на финансиски средства од Буџетот на општина Неготино за подршка на своите активности во 2012 година.

Со барањата за добивање на финансиска помош да достават:

a) тековна состојба не постара од 6 месеци
б) решение за регистрација или пререгистрација
в) извештај за реализирани активности и проекти во претходната  година (овој услов не се однесува за ново регистрирани здруженија на граѓани)  
г) годишна програма за работа со финансиска конструкција, во која ќе биде назначен делот за  кој се бара поддршката од општина Неготино.
д) здруженијата од општина Неготино кои имаат добиено финансиски средства од Буџетот на општина Неготино во текот на изминатата година  се должни да достават финансиски извештај поткрепен со соодветна документација за потрошените средства, најкасно до 30 март во тековната година.

При разгледување на барањата, Советот на општина Неготино ќе се раководи согласно следните утврдени критериуми:

1.    Финансиски средства за едно здружение ќе се одобруваат врз основа на доставена годишна програма за работа максимум  до 50.000,00 денари.

2.    Повисока сума може да биде доделена на здружение доколку здружението или член/ членови  на здружението реализира активности во странство, за што е потребно да се достави доказ ( патен билет, транспортни трошоци, котизација за учество и сл.)

3.    Програмските активности што ќе ги реализира здружението да се од интерес на граѓаните на општина Неготино.

Барањата  со потребната документација  да бидат доставени најкасно до 10.04.2012 (вторник) до 16:00 часот во архивата на општина Неготино  лично или по пошта на следнава адреса:
Општина Неготино
ул,,Ацо Аџи Илов,,бр.2
со назнака- јавен повик за здруженија од општина Неготино
 
ЈАВЕН ПОВИК PDF Print
There are no translations available.

Градоначалникот на општина Неготино на ден 07.03.2012 година го објави следниот


                                                              ЈАВЕН ПОВИК

1.    Општина Неготино во согласност со Програмата за активности во областа на социјалната заштита за 2012 година донесена од Советот на општината ќе отпочне со спроведување на проект за функционирање на игрални за деца од предучилишна возраст во рурални средини преку вработување на 6 лица на определено време.

2.    Се известуваат сите лица кои што се заинтересирани за учество во спроведувањето на горенаведениот проект и ги исполнуваат доленаведените критериуми најдоцна до 13.03.2012 година (вторник) да достават пријава за заинтересираност со биографија (CV) до општина Неготино заедно со бараните документи како доказ за исполнување на критериумите.

3.    За да можат да достават пријава за заинтересираност потребно е секое лице да ги исполнува следните критериуми:
–    Да е државјанин на Република Македонија;
–    Да има завршено VI или VII степен на образование, Педагошки факултет - предучилишна или одделенска насока;

4.    Избор на пријавените лица ќе го спроведи комисија во рамките на општината.

                                                                                                                                                ОПШТИНА НЕГОТИНО
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

 СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА ОД ОПШТИНА НЕГОТИНО ДЕКА ПОРАДИ ПОТРЕБАТА ОД ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ДАНОК НА ИМОТ И КОМУНАЛНИ ТАКСИ, ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ДАНОЦИ И ТАКСИ ПРИ ОПШТИНА НЕГОТИНО ГО ПРОДОЛЖИ РАБОТНОТО ВРЕМЕ СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 8 ДО 20 ЧАСОТ, А ВО САБОТА И НЕДЕЛА ОД 8 ДО 14 ЧАСОТ. ВО ОВОЈ ПЕРИОД СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ МОЖАТ ДА ИЗВРШАТ ПРОВЕРКА НА СВОИТЕ ФИНАНСИСКИ КАРТИЧКИ СО ЦЕЛ ДА НЕ ДОЈДЕ ДО БЛОКИРАЊЕ НА СМЕТКИТЕ И ПОКРАЈ ЕВЕНТУАЛНО НАВРЕМЕ ПОДМИРЕНИТЕ ОБВРСКИ.

 ОПШТИНА НЕГОТИНО

 
СООПШТЕНИЕ PDF Print
There are no translations available.

Покана за Јавна презентација

 Градоначалникот на Општина Неготино Донесе ОДЛУКА за организирање на јавна анкета и Јавна презентација на  
-Нацрт -  Локална урбанистичка планска документација за изградбана сепаратно построение и други помошни придружни објекти на кп 65 КО Курија   Општина   Неготино  со плански период 2012-2022    со тех број 2679 од јануари  2012 год. изработен од ,,Дизајн центар инжинеринг,, Кавадарци.
 Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање Градоначалникот организира Јавна анкета од 15-02-2012 до 28-02-2012год. и Јавна  презентација на Нацрт –  планот.
 Јавната презентација  ќе се одржи   на ден 28-02-2012  год. во 13 часот во големата сала на  Општина Неготино.
 Нацрт- Планот е изложен во просториите на Општината Неготино   
Ви се молиме за присуство.
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ PDF Print
There are no translations available.

       Почитувани
     
    Ве известуваме дека на ден 15-03-2012 со почеток во 13 часот ,во големата сала на Општината Неготино ,ќе се одржи ЈАВНА Расправа по :

    1.- Извештајот за стратегиска оцена на  животната средина на Локалната урбанистичка планска документација за изградба на сепаратно построение и други помошни придружни објекти на КП 65  КО Курија –Општина Неготино  со тех.број 29-02/12 од 09-02-2012.Скопје,


Ве молиме да земете учество во јавната расправа по наведениот извештај за стратегиска оцена ,забелешки ,предлози и сугестии можат да се достават во писмена форма преку архивата на Општина Неготино, или по електронски пат
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

Се известуваат сите правни и физички лица од просторот,опфатен со изработката на планот -Локална урбанистичка планска документација за изградбана сепаратно построение и други помошни придружни објекти на кп 65 КО Курија   Општина   Неготино  со плански период 2012-2022 година дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање    на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

 По Нацртот- Локална урбанистичка планска документација за изградбана сепаратно построение и други помошни придружни објекти на кп 65 КО Курија   Општина   Неготино  со плански период 2012-2022 година  тех број 2679 од јануари 2012 год.   изработен  од  ,,Дизајн центар инжинеринг,, Трајче дооел Кавадарци.
        
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 10 работни  дена од   15-02 -2012 до    28-02-2012 год.  секој работен ден од 08до 16 часот.

 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на  28-02 -2012  год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот.  
 
Соопштение до јавноста PDF Print
There are no translations available.


Општина Неготино ја известува заинтересираната јавност дека е достапен извештајот  за Стратегиска оцена за животна средина  на Локалната урбанистичка планска документација за изградба на сепаратно построение и други помошни придружни објекти на КП 65  КО Курија –Општина Неготино  со тех.број 29-02/12 од 09-02-2012.Скопје  ,која е достапна за увид од 15.02.2012 година до 15.03.2012 година во просториите на Општина Неготино, ul."Ацо-Аџи Илов" 2, секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот.

По увидот, заинтересираните граѓани, невладини и други организации можат да ги достават своите забелешки и сугестии по однос на студијата во писмена форма  до одговорните лица за  kontakt во општина Неготино  до 15.03.2012 година.

Во Општина Неготино, можете да го најдете Извештајот за Стратегиска оцена  на Животна средина  на Локалната урбанистичка планска документација за изградба на сепаратно построение и други помошни придружни објекти на КП 65  КО Курија –Општина Неготино  со тех.број 29-02/12 од 09-02-2012.Скопје,  исто така и на општинската web страна www.negotino.gov.mk

На15.03.2012 година ќе се  одржи Јавна расправа по Извештајот за Стратегиска оцена за животна средина во просториите на општина Неготино  во  13 часот.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

ЛОКАЛНА САМОУПРАВА НЕГОТИНО ГИ ИНФОРМИРА СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ДЕКА И ГОДИНАВА ВО РАМКИТЕ НА ,, НЕДЕЛАТА НА ВИНОТО ,, ПО ПОВОД ВЕРСКИОТ ПРАЗНИК ,, СВЕТИ ТРИФУН ,, ЌЕ СЕ ОРГАНИЗИРА ДЕГУСТАЦИЈА НА ВИНА И РАКИЈА ОД ИНДИВИДУАЛНИ ПРОИЗВОДИТЕ И ОД РЕГИСТРИРАНИ ДОМАШНИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ ВИНАРИИ. ВО КАТЕГОРИЈАТА ИНДИВИДУАЛНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ МОЖАТ ДА УЧЕСТВУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ГРАЃАНИ КОИ ЗА ТАА ЦЕЛ ПОТРЕБНО Е ДА ДОНЕСАТ ПО 2 МОСТРИ ОД СОПСТВЕНИТЕ БЕЛИ И ЦРВЕНИ ВИНА И РАКИЈА, ДОДЕКА КАЈ ДОМАШНИТЕ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ ВИНАРИИ ЌЕ СЕ ДЕГУСТИРА БЕЛО И ЦРВЕНО ВИНО. КАКО И СЕКОЈА, ТАКА И ОВАА ГОДИНА ПРИЈАВУВАЊЕТО И УЧЕСТВОТО Е БЕСПЛАТНО. ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ УЧЕСНИЦИ СВОЕТО УЧЕСТВО МОЖАТ ДА ГО ПРИЈАВАТ И МОСТРИТЕ ОД ВИНА И РАКИЈА ДА ГИ ДОНЕСАТ СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ВО ТУРИСТИЧКИОТ ИНФО ЦЕНТАР ,, ЖЕЛКОВА КУЌА ,, ВО ПЕРИОДОТ ОД 9 ДО 12 ЧАСОТ. ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ Е ИВИЦА ЗЛАТКОВИЌ – МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН О72-320-833. МОСТРИТЕ ЌЕ БИДАТ ОЦЕНУВАНИ ОД КОМИСИЈА СОСТАВЕНА ОД СТРУЧНИ ЛИЦА, А ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА НАЈКВАЛИТЕТНИТЕ ВИНА И РАКИЈА СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ПРИГОДНИ НАГРАДИ.
 
ЈАВЕН ОГЛАС PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2012 година, предвидени во Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015, Агенцијата за вработување на Република Македонија на 17.01.2012  година објавува

                   ЈАВЕН ОГЛАС
               до
                 невработените лица


1.    Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се:
•    евидентирани невработени лица над 6 месеци
•    поранешни вработени лица во дејноста на енергетиката на кои работниот однос им престанал поради деловни причини
•    професионални војници на кои им престанала службата во АРМ
•    Млади лица до 27 годишна возраст
•    Корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
И кои своето вработување сакаат да го решат со финансиска поддршка преку Програма за самовработување, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРМ каде редовно се евидентираат како невработени лица.
Read more...
 
З А П И С Н И К PDF Print
There are no translations available.

З А П И С Н И К

Од одржана јавна расправа по Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина за Измени и дополнување на Урбанистички план вон населено место Дуброво-Тремник, општина Неготино

Записник за одржана јавна расправа по извештајот за стратегиска оцена на животна средина

 
З А П И С Н И К PDF Print
There are no translations available.

З  А П  И  С  Н  И  К

За одржаната јавна презентација на Предлог-Измена и дополнување на Урбанистички план вон населено место КО Дуброво-КО Тремник Општина Неготино   

Записник од Јавната презентација на планот за ИГМ

 
<< Start < Prev 31 32 33 34 Next > End >>

Page 32 of 34