Соопштенија
Објавен оглас за поднесување кандидатури за наградите по повод 8-ми Ноември PDF Print
There are no translations available.

  Од 4-ти октомври започна да тече и до 21 октовмри оваа година трае рокот за поднесување кандидатури за добитници на наградата и признанијата по повод празникот на општина Неготино-8-ми Ноември. Општина Неготино го објави огласот за пријавување на кандидатури за добитници на највисоките општински награди и признанија кои се доделуваат по повод празникот на општината 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино. Како што информираат од локалната самоуправа признанијата се доделуваат секоја година како израз на највисоко општинско признание што се доделува за посебни постигнувања во одредени области на поединци и институции од општината. Според одлуката, наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници чии дела, односно резултати во работењето и дејствувањето, придонесле за нивна лична и афирмација на општина Неготино. Право на поднесување на кандидатури за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани, а крајниот рок за доставување предлози е петок 21 октомври. Процедурата вели дека пристигнатите предлози најпрво ги разгледува Комисијата за награди и признанија при општинскиот совет, а конечната одлука за добитниците ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино. Наградите и признанијата на добитниците градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов ќе им ги додели на свечената седница која ќе се одржи во вторник на 8-ми Ноември Денот на ослободувањето на нашиот град.

 
О Г Л А С PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 67 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и Одлуката бр.09-258/1 од 11.08.2016 година донесена од Градоначалникот на општина Неготино, Комисијата за спроведување на јавно наддавање го објавува следниот

                                                            О   Г   Л   А   С
За давање на времено користење на недвижност по пат на јавно наддавање со поднесување на понуди

1.    Се дава на времено користење на недвижност во сопственост на општина Неготино за поставување на туристичко вовче и реквизити за забава на локација во СРЦ „МЛАДОСТ“(асфалтни терени) по пат на јавно наддавање со вкупна површина од 2.900 м.кв. за период од 01.09.2016 до 24.09.2016 година.
2.    Почетната цена со која ќе почне наддавањето изнесува 12.500,оо денари од ден за вкупната површина и туристичкото вовче.Во цената не се вклучени потрошената електрична енергија и надоместокот за потрошена вода и комунални услуги. За целокупниот горенаведен период, најповолниот понудувач е должен да плати надоместок за електрична енергија, вода и комунални услуги во износ од 30.000,оо денари.
3.    Заинтересираните понудувачи се должни да достават образец ДРД, тековна состојба од Централниот регистар и доказ за располагање со реквизити за забава, како и да уплатат по 15.000,оо денари депозит за учество на јавното  наддавање на депозитна сметка на општина Неготино со бр.748014059269616 приходна шифра 733111 програма 00.  Заинтересираните понудувачи своите понуди заедно со горенаведените документи се должни да ги достават во затворени коверти најкасно до 17.08.2016 година до 13 часот на адреса „Општина Неготино ул.„Ацо Аџи Илов“2 Неготино.
4.    На понудувачите кои нема да поднесат најповолна понуда ќе им биде вратен депозитот од 15.000,оо денари.
                         
                                                                                        Општина Неготино
                                                                                 Комисија за јавно наддавање
 
 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Print
There are no translations available.

     Ј.П.„Комуналец“ – Неготино ги известува граѓаните дека поради  интервенција на каналската мрежа, од страна на Ј.П„Водостопанство Тиквеш“ во деновите петок и сабота, 29 и 30 јули 2016 г. ќе има редукција на  снабдувањето со вода за полевање на дворните површини од 07 до 17 часот.
 - Ги молиме граѓаните за разбирање, и апелираме за рационално користење на водата за пиење.
 
                                                                                         Ј.П.„Комуналец“- Неготино
                                                               
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15 и 31/26), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2016 година со Одлука бр. 08-418/8 од 25.12.2015 година, од Советот на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна  анкета Предлог – ДУП  за УЗ 9 – дел од блок 3,  КО Неготино, општина Неготино

Граници на опфатот сe:  на северозападната  страна е    улица „Железничка“,  на североисточната страна  граничи со КП бр. 8033, на исток се спушта надоле сечејќи ги катастарските парцели со број  8033,  8038,  8040,   8073/3  8026, 8024, 8026/2, 8727  и 8440.
Опфатот е со површина  од  16,87ха.
Јавната анкета и јавната презентација по Предлог - ДУП  за УЗ 9 – дел од блок 3,  КО Неготино, општина Неготино, со технички број    03-359/16 од јули, 2016 година, изработен од  „НИМАЕР“  ДООЕЛ Струга д.е. Скопје, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  01.08.2016 година  до 15.08.2016 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 10.08.2016 година  во  11.00 часот во просториите на општина Неготино.
 
Соопштение PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15 и 192/15) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11) Градоначалникот на Општина Неготинo

                                     О Р Г А Н И З И Р А
 
Јавен увид и јавна расправа на Нацрт Извештај за Стратегиска оцена на животната средина на УПВНМ  Дуброво-Тремник К.О Дуброво и К.О. Трмник општина Неготино  која e достапна за увид од  21.06.2016 година до  21.07.2016 година во просториите на oпштина  Неготино ул.”Ацо-Аџи Илов” бр.2, 3-кат, канцеларија бр.31  секој работен ден од  08,00 до 16,00 часот.
    На  14.07.2016 година (четврток) ќе се одржи јавна расправа по Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на УПВНМ  Дуброво-Тремник К.О Дуброво и К.О. Трмник општина Неготино во просториите на Општина Неготино во  13 часот.
По увидот, заинтересираните граѓани, невладини и други организации  можат да ги достават своите забелешки и сугестии  по однос на  Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на УПВНМ  Дуброво-Тремник К.О Дуброво и К.О. Трмник општина Неготино во писмена форма до одговорните лица за контакт во општина Неготино  во рок од 30 дена од денот на објавување.  
    Извештајот од јавната расправа ќе биде објавен на веб страната на општина Неготино.



Контакт лице :
Митко Толовски
Општина  Неготино
Ул. "Ацо Аџи Илов " бр.2, 1440 Неготино
Тел 043/361 045 076/212-094
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање најавна презентација и јавна анкета за
Предлог - ДУП за една парцела за изградба на станбен објект за ГП 1.13 ( КП бр.9583/2 и КП бр. 9584/2) УЗ 3 блок 1 КО Неготино - Општина Неготинo

Граници на опфатот сe:  на  југ   улица „Едвард Кардељ“,  на  исток  катастарска парцела бр.9584/3   и на  север   катастарска парцела бр.9584/1.
Опфатот е со површина  од  600 м2.
Јавната анкета и јавната презентација по Предлог - ДУП за една парцела за изградба на станбен објект за ГП 1.13 ( КП бр.9583/2 и КП бр. 9584/2) УЗ 3 блок 1  КО Неготино - Општина Неготинo,    со технички број  3264 од мај   2016 година , изработен од  „ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕНЕРИНГ “ Кавадарци, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  16.06.2016 година  до 30.06.2016 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 24.06.2016 година  во  11.00 часот во просториите на општина Неготино.
 
ЈАВЕН ПОВИК PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на Меморандумот за разбирање склучен помеѓу Општина Неготино и Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) бр. 09-199/1 од 26.05.2016 година, Градоначалникот на општина Неготино објавува


                         ЈАВЕН ПОВИК
за ангажирање на двајца администратори


    Со цел приближување на работата на општинската администрација кон граѓаните од општина Неготино, подобрување на условите за обезбедување на еднакви социјални права за ранливите групи во Општина Неготино, а воедно и можноста за стекнување на работно искуство на младите, а заради реализација на Проектот за Социјални права за ранливи групи, Општина Неготино има потреба од ангажирање на двајца администратори и тоа:

•    1 администратор со завршени општествени науки VII/1 степен или 240 кредити
•    1 администратор со завршен Филозофски факултет, социјална работа и социјална политика
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи

•    Пријава
•    CV- кратка биографија
•    Мотивациско писмо
•    Уверение за завршено образование-фотокопија
    Рокот за доставување на пријавите е 5 (пет) дена од денот на објавувањето на јавниот повик на веб страницата на Општина Неготино (не сметајќи го денот на објавувањето).
    Уредно пријавените кандидати ќе бидат известени за денот и часот за спроведување на интервјуто.
    Пријавата со потребните документи со назнака (за Јавен повик за ангажирање на администратори) да се достави директно во Архивата на Општина Неготино или на следната адреса:

Општина Неготино
Ул. Ацо Аџи Илов бр.2 Неготино
Одделение за правни и општи работи   
 
ЈАВЕН ПОВИК PDF Print
There are no translations available.

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови
Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови и тоа: детални урбанистички уланови, урбанистички планови за села и урбанистички планови вон населено место.
Иницијативите може да се доставуваат во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.
Предмет на иницијатива може да биде нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.
Јавниот повик трае од 20.05.2016 година  до 30.06.2016год.

 
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање најавна презентација и јавнаанкетаза  Предлог - измена на ДУП за една градежна парцела  на КП бр. 10197  КО Неготино,  општина Неготино

Граници на опфатот сe:  на  север   улица „Едвард Кардељ“,  на  исток  катастарска парцела бр.10195, на запад  катастарска парцела бр.10196  и  на  јужната страна   катастарска парцела бр.10213.
Опфатот е со површина  од  395м2.
Јавната анкета и јавната презентација по Предлог - измена на ДУП за една градежна парцела  на КП бр. 10197  КО Неготино,  општина Неготино,  со технички број  04-56/2016 од  април  2016 година,  изработен од  ДПИГК „ПАРАМЕТАР“ ДООЕЛ Скопје, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  11.05.2016 година  до 25.05.2016 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 19.05.2016 година  во  11.00 часот во просториите на општина Неготино.

 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на планот    Локална урбанистичка планска документација за Г4 -Стоваришта на КП 3410/1 и 3410/2 , КО Неготино,Општина Неготино Дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлуки за организирање  на:

                                                                 ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА
По   Локална урбанистичка планска документација за Г4-Стоваришта на КП 3410/1 и 3410/2 , КО Неготино,Општина Неготино со  Планска програма и проект број 3149 од фебруари 2015 год., изработена од  Дизајн центар Инженеринг Трајче Дооел Кавадарци. Плановот со графичкиот прилог ќе биде изложене  во просториите на Општина Неготино, 5 работни  дена од 22 -04-2016 до  28-04-2016 год. секој работен ден од 08 до 16 часот.
 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки, предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .
Јавна презентација на Нацртот на плановите ќе се одржи на  28-04-2015 год.во големата сала на Општина Неготино во 11 часот.                                                      
 
ОГЛАС ЗА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на ЗОО,Правилник за издавање на училиштен простор на ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино,Согласност од градоначалникот за издавање на училишен простор,и Одлука донесена од УО, Комисијата за јавно наддавање објавува
                                                          ОГЛАС ЗА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на јавното наддавање е издавање на училишна кујна и др. простории .
Наддавањето за училишната кујна и др.простории  ќе биде по м2.
Почетна цена согласно Одлуката на УО за утврдување на ценовникот за издавање на училишната кујна  и др.простории е 75 ден. по м2 во кои  не се вклучени и трошоците за покривање на  ел.енергија и комуналии).
Наддавањето ќе се одвива во чекори од  0,5 евра .
Право на учество во делот на издавање на училишна кујна има секое регистрирано правно лице кое ги задоволува условите за докажување на личната состојба согласно ЗЈН(за кои потпишува изјава а доставувањето на документацијата е во рок од три дена од денот на склучување на договор),да приложи доказ за регистрирана дејност поврзан со предметот на договорот ,да приложи извештај за биланс на состојба,да располага со минимум 1 вработен(копија од М1),копија од склучени за кои задолжително да обезбеди потврди од купувачите со датум и износи и за истите да изготви листа,Да поседува сертификати за исполнување на ХАСАП стандард за производите а за артиклите да се достави анализа од тестирање на истите како и решение од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Наддавањето за училишната кујна и др.простории  ќе се спроведува на тој начин што добива оној кој понудил највисока цена на третиот повик ,и ако по третиот повик во рок од 3 минути не се јави никој.
Наддавањето ќе се спроведи и ако има само еден учесник кој понудил  по утврдената  цена и повеќе од минималната почетна цена.
Со најповолните понудувачи ќе се склучи договор во рок од 3 дена.
Јавното наддавање ќе се одржи на ден 18.04.2015 год. во 12,30 часот во просториите на училиштето.
Огласот трае 5 дена од денот на неговото објавување во јавните гласила.

 

                                                                                                       Комисија за јавно наддавање

                                                                                                ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино

                                                                                                            Тел/конт:043/361-900
 
<< Start < Prev 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Next > End >>

Page 24 of 34