Соопштенија
ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 1/2018 за унапредување на 1(еден) административен службеник во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

 Врз основа на член 48 став (4) од Законот за Административни службеници (,,Сл.Весник  на Република Македонија“ бр.27/14 ,бр.199/14, бр.48/15,бр.154/15,бр.5/16,бр.142/16 и 11/18 и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас , начинот на поднесување на пријавата за унапредување на административен  службеник, начинот на спроведување  на административната селекција и интервјуто , како и начинот на бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.11/15 и 35/18), општина Неготино објавува                                

                            ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 1/2018
за унапредување на 1(еден) административен службеник во општина Неготино
Општина Неготино објавува интерен оглас за унапредување на 1(еден) административен службеник  за следното работно место :
1.НАЗИВ НА РАБОТНО МЕСТО:Виш соработник за финансиско управување
OРГАНИЗАЦИОНА ЕДИНИЦА:Одделение за финансиски работи, Сектор за финансиски прашања
БРОЈ НА ИЗВРШИТЕЛИ: (1) еден
ШИФРА : УПР 01 01 В02 000
НИВО: В2

Интерен оглас

Пријава за унапредување

 
Денеска (среда 04.04) ќе се одржи седница на Советот на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Претседателот Диме Витанов за денеска (среда 04 април) свика одржување на 10-тата по ред седница на Советот на општина Неготино чиј почеток е закажан во 16,00 часот. Советниците, меѓу другото, ќе расправаат по заклучокот за усвојување на годишниот извештај за работа на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион за 2017г, како и по годишниот извештај за спроведување на Програмата за развој на ВПР. Се очекува Советот да води расправа и да донесе Одлука за давање на согласност за основање од страна на Владата на РМ регионална депонија за истиот регион и потребната инфраструктура, како и предлог-одлуката за усвојување на Регионалниот план за управување со отпад во Вардарскиот плански регион. На 10-тата седница ќе се расправа и по други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.

 
Денеска (вторник 13.03.) редовна седница на Советот на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Со почеток од 16,00 часот Советот на општина Неготино ќе ја одржи 8-та по ред седница на која на дневен ред ќе се најдат 17 точки за разгледување. Меѓу другото, советниците ќе расправаат по предлог решенијата за годишниот план за вработување на библиотеката Страшо Пинџур, основното училиште Гоце Делчев, музичкото училиште Владимир Арсовски, средното училиште Св. Кирил и Методиј и извештајот за работа на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење Неготино. На дневен ред ќе се најдат и предлог-одлуки од областа на урбанизмот, предлог-решенија за финансиска поддршка на клубовите и здруженијата од нашата општина, предлог-заклучокот за усвојување на извештајот за извршувањето на програмите на општината за минатата година, како и заклучокот за усвојување на годишната сметка на Буџетот на општина Неготино за 2017-та година.

 
Седма редовна седница на Советот на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Дневен ред на седмата редовна седница на Советот на општина Неготино
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ СПИСОК НА НЕДОСТАВЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМА ЗА 2017 ГОДИНА PDF Print
There are no translations available.

Им се соопштува на сите физички и правни лица кои се даночни обврзници по основ на комунална такса, на кои не им било доставено решение, или од било кои причини не добиле решение за 2017 година,во рок од 15 дена од денот на објавувањето на соопштението, да се јават во Одделението за даноци и такси во Општина Неготино, на ул Ацо Аџи Илов бр.2, за подигање на решението.

СПИСОК  НА НЕДОСТАВЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМА ЗА 2017 ГОДИНА 

 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна  анкета по Предлог план -  ДУП за УЗ 6 дел од УБ 6.2 и УЗ 7 дел од УБ 7.3, КО Неготино, помеѓу улиците „Цандо Кожинков“, ул.„Климентова“, ул.„Никола Карев„ ул.„Ленинова„ и ул.„Даме Груев“, Општина Неготино

Граници на опфатот сe:  на север улица "Цандо Кожинков", на исток улица „Климентова“ ,  на југоисток   улица „Никола Карев“,  на југозпадната страна  улица "Ленинова" и    на  северозапад е  улица „Даме Груев“.
Опфатот е со површина  од  7,72 ха.
Јавната анкета и јавната презентација по Предлог планот -  ДУП за УЗ 6 дел од УБ 6.2 и УЗ 7 дел од УБ 7.3, КО Неготино, помеѓу улиците „Цандо Кожинков“, ул.„Климентова“, ул.„Никола Карев„ ул.„Ленинова„ и ул.„Даме Груев“, Општина Неготино,  со технички број  04-336/2017 од  јануар  2018 година, изработен од ДПИГК „ПАРАМЕТАР“ - Скопје, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  05.02.2018 година  до 16.02.2018 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 15.02.2018 година  во  13.00 часот во просториите на општина Неготино.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со  планот , дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање  на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

 На Нацрт- ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за УРБАНА ЗАЕДНИЦА  4 за  дел од УБ 4.2  плански опфат помеѓу ул.“ Илинденска “, ул. “ Вељко Влаховиќ “ и ул.“ Кирил и Методиј “ НЕГОТИНО  Општина Неготино  со тех.бр.22/15  август 2015 од 2,1 ха.  изработен од Друштво за планирање , проектирање  и инженеринг ПРОСТОР доо Куманово.    
Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 10 работни  дена од   11-12-2017 до 22-12-2017 год. секој работен ден од 08 до 16 часот.
Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на  22- 12-2017  година во големата сала на Општина Неготино во 12 часот.  
За Јавната анкета во определениот рок  заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки , предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .
 
Во среда (29.11.) ќе се одржи седница на Советот на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Претседателот Диме Витанов за во среда ,29-ти овој месец, свика одржување на редовна седница на Советот на општина Неготино која ќе започне од 18,00 часот со 18 точки на дневен ред за разгледување од страна на советниците. Меѓу другото, на дневен ред ќе се најдат повеќе предлог-програми и тоа за енергетска ефикасност, за изработка на урбанистички планови, за заштита на животната средина, за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино, предлог-програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РМ на подрачјето на нашата општина, како и предлог-програмите за локален економски развој, за социјална заштита, образование, спорт, култура и здруженија и фондации. На дневен ред ќе се најде и предлог-оперативниот план за дејствување во зимски услови на јавни претпријатија и установи основани од општината во 2017/2018 година, како и други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.

 
ЈАВЕН ПОВИК за доставување на финансиски програми на спортските клубови од општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на финансиски програми на спортските клубови  од општина Неготино

Со цел за успешно претставување, натпреварување и постигнување на очекуваните резултати, Градоначалникот и Советот на општина Неготино ги повикуваат сите спортски клубови од Општина Неготино да достават финансиска програма и план на активности до општината, со цел предвидените средства од Буџетот на општината за 2018 година да бидат соодветно планирани и распределени.

Потребните документи треба да бидат доставени кај одговорното лице во општината најдоцна до 15 ноември 2017 година до 16.00 часот, зграда на Собрание на општина Неготино, IV спрат, соба бр.39.

Подетални информации и контакт:
Александар Донов – советник за култура,
спорт и соработка со ЗГ и фондации    
моб. 072/320-842
e-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it             
                                                                                            
 
ЈАВЕН ОГЛАС PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за врабоитување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Неготино, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 15.09.2017 година се објавува:

                                                                     Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С
                                                                                       до
                                                    евидентирани невработени лица за вклучување во
                                                         Програмата Општинско - корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  „Продолжување на социјалните услуги за предшколски деца во постојните игрални во руралните средини во општина Неготино и социјални услуги во Дневен центар за стари лица во с.Тимјаник“  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-    Невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
     - Асистент – помошник на воспитувач во игрална за предучилишни деца во с.Тимјаник
     - Асистент – помошник на воспитувач во игрална за предучилишни деца во с.Пепелиште
     - Асистент – помошник на воспитувач во игрална за предучилишни деца во с.Тремник
     - Асистент – помошник на воспитувач во игрална за предучилишни деца во с.Војшанци
     - Асистент – помошник на воспитувач во игрална за предучилишни деца во с.Ц.Брегови
     - Асистент – помошник на воспитувач во игрална за предучилишни деца во с.Криволак
     - Асистент – помошник на воспитувач во игрална за предучилишни деца во с.Д.Дисан
     - Асистент во Дневен центар за стари лица во с.Тимјаник

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино во периодот од 15.09.2017 година до 20.09.2017 година.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Неготино и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Неготино кај лицето Слободанка Кртева, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино кај лицето Џеват Елмазов,  Центар за социјлна работа Неготино кај лицето Љубинка Давидова.
 
<< Start < Prev 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Next > End >>

Page 22 of 34