С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15 и 31/26), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2016 година со Одлука бр. 08-418/8 од 25.12.2015 година, од Советот на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна  анкета Предлог – ДУП  за УЗ 9 – дел од блок 3,  КО Неготино, општина Неготино

Граници на опфатот сe:  на северозападната  страна е    улица „Железничка“,  на североисточната страна  граничи со КП бр. 8033, на исток се спушта надоле сечејќи ги катастарските парцели со број  8033,  8038,  8040,   8073/3  8026, 8024, 8026/2, 8727  и 8440.
Опфатот е со површина  од  16,87ха.
Јавната анкета и јавната презентација по Предлог - ДУП  за УЗ 9 – дел од блок 3,  КО Неготино, општина Неготино, со технички број    03-359/16 од јули, 2016 година, изработен од  „НИМАЕР“  ДООЕЛ Струга д.е. Скопје, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  01.08.2016 година  до 15.08.2016 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 10.08.2016 година  во  11.00 часот во просториите на општина Неготино.