КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеС О О П Ш Т Е Н И Е |
There are no translations available. Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15 и 31/26), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2016 година со Одлука бр. 08-418/8 од 25.12.2015 година, од Советот на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното: С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна анкета Предлог – ДУП за УЗ 9 – дел од блок 3, КО Неготино, општина Неготино Граници на опфатот сe: на северозападната страна е улица „Железничка“, на североисточната страна граничи со КП бр. 8033, на исток се спушта надоле сечејќи ги катастарските парцели со број 8033, 8038, 8040, 8073/3 8026, 8024, 8026/2, 8727 и 8440. Опфатот е со површина од 16,87ха. Јавната анкета и јавната презентација по Предлог - ДУП за УЗ 9 – дел од блок 3, КО Неготино, општина Неготино, со технички број 03-359/16 од јули, 2016 година, изработен од „НИМАЕР“ ДООЕЛ Струга д.е. Скопје, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на општина Неготино. Јавната анкета ќе трае 10 (десет) работни денови и тоа од 01.08.2016 година до 15.08.2016 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 10.08.2016 година во 11.00 часот во просториите на општина Неготино. |