КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеСоопштение |
![]() |
![]() |
There are no translations available. Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15 и 192/15) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11) Градоначалникот на Општина Неготинo О Р Г А Н И З И Р А Јавен увид и јавна расправа на Нацрт Извештај за Стратегиска оцена на животната средина на УПВНМ Дуброво-Тремник К.О Дуброво и К.О. Трмник општина Неготино која e достапна за увид од 21.06.2016 година до 21.07.2016 година во просториите на oпштина Неготино ул.”Ацо-Аџи Илов” бр.2, 3-кат, канцеларија бр.31 секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот. На 14.07.2016 година (четврток) ќе се одржи јавна расправа по Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на УПВНМ Дуброво-Тремник К.О Дуброво и К.О. Трмник општина Неготино во просториите на Општина Неготино во 13 часот. По увидот, заинтересираните граѓани, невладини и други организации можат да ги достават своите забелешки и сугестии по однос на Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на УПВНМ Дуброво-Тремник К.О Дуброво и К.О. Трмник општина Неготино во писмена форма до одговорните лица за контакт во општина Неготино во рок од 30 дена од денот на објавување. Извештајот од јавната расправа ќе биде објавен на веб страната на општина Неготино. Контакт лице : Митко Толовски Општина Неготино Ул. "Ацо Аџи Илов " бр.2, 1440 Неготино Тел 043/361 045 076/212-094 |