КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеС О О П Ш Т Е Н И Е |
![]() |
![]() |
Врз основа на член 24 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) Градоначалникот на Општина Неготино, го дава следното С О О П Ш Т Е Н И Е Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со плановите, дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање на: ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА На Нацрт- ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за УРБАНА ЗАЕДНИЦА 4 за дел од УБ 4.2 плански опфат помеѓу ул.“ Илинденска “, ул. “ Вељко Влаховиќ “ и ул.“ Кирил и Методиј “ НЕГОТИНО Општина Неготино со тех.бр.22/15 август 2015 од 2,1 ха. изработен од Друштво за планирање , проектирање и инженеринг ПРОСТОР доо Куманово. Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен во просториите на Општина Неготино, 10 работни дена од 09-10-2015 до 26-10-2015 год. секој работен ден од 08 до 16 часот. Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 20-10-2015 година во големата сала на Општина Неготино во 13 часот. За Јавната анкета во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки , предлози и мислења на Анкетни листови. Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино . |