КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеС О О П Ш Т Е Н И Е |
![]() |
![]() |
Врз основа на член 24 став 1од Законот за просторно и урбанистичко планирање(Сл.весник на РМ број ( 51/05, 137/07, 91/09, 124/10,18/11 и 53/11год.) Градоначалникот на Општина Неготино, го дава следното : С О О П Ш Т Е Н И Е Се известуваат сите правни и физички лица од просторот,опфатен со изработката на планот Нацрт-Урбанистички план за село Пепелиште во Општина Неготино дека Градоначалникот на Општината донесе Одлука за организирање на: ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА По Нацрт - Урбанистички план за село Пепелиште во Општина Неготино со тех број 128/12 од јануари 2013 год. изработен од А:Д: за урбанизам,проектирање и инжинеринг-ЗУМ-Скопје Нацрт- Урбанистички план за село Пепелиште во Општина Неготино е утврден од Советот на Општина Неготино на седницата одржана на 01-03-2013 год. Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен во просториите на Месната заедница во с.Пепелиште , 30 работни дена од 12-03 -2013 до 22-04 -2013 год. секој работен ден од 08 до 16 часот. Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови. Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино . Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 22-04 -2013 год.во салата на с.Пепелиште во 18 часот. |