КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеС О О П Ш Т Е Н И Е |
![]() |
![]() |
Врз основа на член 24 став 1од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ број(51/05,137/07,91/09,124/10,18/11,53/11 год.) Градоначалникот на Општина Неготино, го дава следното: С О О П Ш Т Е Н И Е Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на планот -Локална урбанистичка планска документација за изградбана стопански објект за Ладилник и преработка на земјоделски производи на КП 2184/1 КО Неготино , Општина Неготино , Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање на: ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА По Нацртот- Локална урбанистичка планска документација за изградбана стопански објект за Ладилник и преработка на земјоделски производи на КП 2184/1 КО Неготино Општина Неготино ,тех број 04/2013 од февруари 2013 год. изработен од ,,Интер Инвест Инг ,, Доо Скопје. Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен во просториите на Општина Неготино, 5 работни дена од 12-03 -2013 до 18-03-2013 год. секој работен ден од 08 до 16 часот. Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот,конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки, предлози и мислења на Анкетни листови. Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино . Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 15-03-2013 год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот. |