До недела (19.07.2020) ќе нема вода за полевање на дворните површини PDF Печати
   Од ЈП Комуналец ги информираат граѓаните на општина Неготино дека поради потребата од итно и неодложно интервентно чистење на каналската мрежа од алги од страна на ВРО Тиквешко поле, во деновите од петок (17.07.2020) до недела (19.07.2020) во прекин ќе биде снабдувањето со вода за полевање на дворните површини. Редовното снабдување продолжува веќе од понеделник 20.07.2020 година.