С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Се известуваат граѓаните кои гласаат во зградата на Општина Неготино (Собрание) – Избирачки места 1217 и 1218 дека се врши промена на просториите за гласање, и тоа:

ИЗБИРАЧКО МЕСТО 1217 – наместо во ходникот пред Големата сала на Советот, гласањето ќе се спроведе во просторијата на Управата за јавни приходи

ИЗБИРАЧКО МЕСТО 1218 – наместо во просторијата на Управата за јавни приходи, гласањето ќе се спроведе во ходникот пред Големата сала на Советот

Замената на просториите се врши поради прилагодување на условите за гласање, а врз основа на бројот на гласачите во соодветните избирачки места кои се запишани во Избирачкиот список.



                                                    ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
                                                          Канцеларија Неготино