КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеС О О П Ш Т Е Н И Е |
![]() |
![]() |
There are no translations available. Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2020 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна анкета за архитектонско- урбанистички проект за формирање на градежна парцела со намена Г2-Лесна и незагадувачка индустрија, согласно со Општ акт за село Тимјаник , на КП бр 3007/8, КО Тимјаник, општина Неготинo Граници на опфатот сe: од северната страна граничи со новопланирана улица 1, од западната страна граничи со дел од КП 3007/8, од јужната страна граничи со КП 3007/10, од источната со КП 3007/3. Пристап во парцелата е обезбеден од северната страна (ново планирана улица 1). Опфатот е со површина од 1546м2. Јавната анкета и јавната презентација за архитектонско- урбанистички проект за формирање на градежна парцела со намена Г2-Лесна и незагадувачка индустрија, согласно со Општ акт за село Тимјаник , на КП бр 3007/8, КО Тимјаник, општина Неготино, со технички број 0213-12/19 од февруари 2020 година, изработен од „ТИПИНГ“ дооел Велес, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино. Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни денови и тоа од 23.06.2020 година до 29.06.2020 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со АУП, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавната презентација со стручно презентирање на АУП ќе се одржи на ден 25.06.2020 година во 12:00 часот во просториите на општина Неготино. |