КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеС О О П Ш Т Е Н И Е |
![]() |
![]() |
There are no translations available. Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2020 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Предлог план - ДУП за Урбана заедница 5, дел од урбан блок 5.3 (помеѓу улиците "Ацо Аџи Илов", „Коста Волкановски“,“Владо Арсов Шпанац “ и „Пешо Самарџиев“), Општина Неготино Граници на опфатот сe: на север по оската на улиците "Ацо Аџи Илов", на исток по осовината на улица „Коста Волкановски“ („Марксова“), на југ по оска на улица „Владо Арсов Шпанац“ и на западната страна по осовината на улица "Пешо Самарџиев". Опфатот е со површина од 1,67 ха. Јавната анкета и јавната презентација за Предлог планот - ДУП за Урбана заедница 5, дел од урбан блок 5.3 (помеѓу улиците "Ацо Аџи Илов", „Коста Волкановски“,“Владо Арсов Шпанац “ и „Пешо Самарџиев“), Општина Неготино со технички број 04-121/2020 од јуни, 2020 година, е изработен од Трговско друштво за проектирање инженеринг градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино. Јавната анкета ќе трае 10 (десет) работни денови и тоа од 23.06.2020 година до 06.07.2020 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 24.06.2020 година во 12:00 часот во просториите на општина Неготино. |