Патот од Криволак до мостот пред Армискиот полигон до 1 мај ќе биде затворен за сообраќај PDF Печати

  Општина Неготино ги информира сите граѓани дека поради изведување на градежни работи, од утре (вторник 28.04) до петок (1 мај) затворен за сообраќај ќе биде локалниот патен правец од селото Криволак до железниот мост пред Армискиот полигон Криволак. Се известуваат моторизираните граѓани кои досега го користеа овој патен правец за движење со возила, од утре до петок движењето да го пренасочат по околните споредни патишта. По завршувањето на градежните активности, ќе се нормализира и движењето по овој патен правец.