КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеС О О П Ш Т Е Н И Е |
![]() |
![]() |
There are no translations available. Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2019 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна анкета за aрхитектонско урбанистички проект за формирање на градежна парцела согласно општ акт за село Пепелиште, на КП 1323, 1324, 1325/1-дел и КП 1322/2-дел, КО Пепелиште, Општина Неготино Граници на опфатот сe: од северозападната страна граничи со регионален пат Р 1103 (Р107), од североисточната, источната и јужната страна граничи со постоечки улици кои се дефинирани и во општиот акт за село Пепелиште, а од западната страна граничи со катастарска парцела број 1325/2. Пристап во парцелата е обезбеден од источната страна (улица 1) и јужната страна (улица 2). Опфатот е со површина од 2039m2. Јавната анкета и јавната презентација за aрхитектонско урбанистички проект за формирање на градежна парцела согласно општ акт за село Пепелиште, на КП 1323, 1324, 1325/1-дел и КП 1322/2-дел, КО Пепелиште, Општина Неготино, со технички број 04-527/2019 од декември 2019 година , изработен од „ПАРАМЕТАР“ дооел Скопје ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино. Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни денови и тоа од 14.01.2020 година до 20.01.2020 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавната презентација со стручно презентирање на АУП ќе се одржи на ден 14.01.2020 година во 12:30 часот во просториите на општина Неготино. |