Поради дефект, денеска (среда 16.10) ќе има прекин во водоснабдувањето PDF Печати

  Од Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ ги информираат потрошувачите од Неготино дека поради настанат дефект на главниот цевковод Ф 315 кон нашиот град, денеска (среда 16.10) од 10,00 часот па натаму ќе има прекин во водоснабдувањето. Екипи на „Комуналец“ се присутни на терен и работат на санирање на дефектот, по што водоснабдувањето ќе се нормализира.