Апел до граѓаните да не фрлаат комиње во контејнерите за смет PDF Print
There are no translations available.

   Се апелира до граѓаните на општина Неготино, како од градот, така и од населените места, кои во овој период од годината печат ракија, да не го исфрлаат отпадот, т.е. комињето во контејнерите за смет и на други несоодветни места за тоа. Комуналните редари при локалната самоуправа континуирано се присутни на терен, ги следат и регистрираат состојбите и неправилностите и првобитно делуваат со превентивни предупредувања до несовесните граѓани. Но, истакнуваат од локалната самоуправа, доколку се продолжи со ваквата пракса и опомените не вродат со плод, ќе се пристапи кон изрекување на мандатни казни.