КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеС О О П Ш Т Е Н И Е |
![]() |
![]() |
There are no translations available. Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2019 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна анкета за архитектонско- урбанистички проект за формирање на посебни градежни парцели на ГП 1 (КП бр.2469/3 и 2469/7) КО Неготино, општина Неготино Граници на опфатот сe: на запад граничи со локален пат Неготино - Курија, од север и југозапад со постоечки земјан пат за пристап до околните земјоделски површини, од севоразападната страна граничи со земјоделско обработливо земјиште. Опфатот е со површина од 4 534 м2. Јавната анкета и јавната презентација за архитектонско- урбанистички проект за формирање на посебни градежни парцели на ГП 1 (КП бр.2469/3 и 2469/7) КО Неготино, општина Неготино, со технички број 04-344/2019 од август 2019 година, изработен од „ПАРАМЕТАР“ дооел Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино. Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни денови и тоа од 25.09.2019 година до 01.10.2019 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавната презентација со стручно презентирање на АУП ќе се одржи на ден 01.10.2019 година во 14:00 часот во просториите на општина Неготино. |